Зошто Норвешка е толку богата земја?
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2016 19:36
Студентите по економија на „Quora” го отворија прашањето прашањето за богатството на Норвешка и се обидоа да детектираат на што се должи успехот на земјата.
Сондре Рашч, политички советник во норвешкиот парламент посочи во својот одговор дека и покрај мислењето на многумина, Норвешка никогаш не била социјалистичка земја. Напротив, Норвешка има силни капиталистички институции.
Покрај тоа, Норвешка има отворен и слободен пазар. Како мала економија, Норвешка има ниски тарифи за многу производни категории, освен агрикултурата. Потоа, „лесно е да се отвори бизнис. Малку бизниси бараат лиценца за работа, како што е случајот со други земји. Може да отворам фризерница денес ако сакам, без да барам нечија дозвола“, пишува Рашч.
Згора на тоа, странските инвестиции се добредојдени и се третираат како домашните во поглед на данокот. Конечно, меѓусебната доверба во Норвешка е на повисоко ниво во споредба со останатите земји. Ова помага во многу фактори, како слободното работење на пазарот и задржувањето на стабилноста на институциите. Според Рашч, сите овие фактори емпириски се поврзани со економскиот развој на Норвешка.
Меѓу другите одговори се обрнува внимание и на доброто образование. Имено, норвешкиот образовен систем е 12-ти најдобар во светот. Згора на тоа, образованието е бесплатно.
Сепак, многумина се согласуваат и во еден голем и битен фактор - Норвешка има нафта и гас.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




