Зошто поефтини лимонот за 40 одсто во однос на септември?!
Објавено во: Стил 01 Ноември, 2014 20:15
На лимонот, еден од најраспространетите цитрусни овошја, цената му падна за дури 40 одсто во однос на септември, но знаете ли зошто е така?
Акционите цени на лимонот во почетокот на октомври во некои супермаркети беа под 75 денари по килограм иако до неодамна цената беше 225 денари за килограм. Токму затоа еден српски сајт ја истражувал причината поради ваквото нагло паѓање на цената.
Евтиниот лимон е увозен и потекнува од Турција, а на декларацијата на тој лимон пишува „Не ја користете кората. Лимонот е третиран со имазалил“.
Предупредувањето е напишано со многу мали, едвај читливи букви, кои веројатно мал број на купувачи ќе ги прочитаат
Што е имазалил?
Имазалил е фунгицид, кој пробива низ цел плод, а не само низ кората. Толку е токсичен, што ја иритира кожата и предизвикува солзење на очите. Многу е стабилен дури и на високи температури, а делува на репродуктивните органи и докажано е дека е канцероген.
Кај доенчињата и малите деца имазалилот предизвикува проблеми во централниот нервен систем а кај возрасните делува и на репродуктивните органи.
Просечно утврдена количина е 5,2 милиграми на килограм, па е доволен еден поголем лимон за пречекорување на дневната доза, пишува supermarket.info.
Предупредете ги пријателите, ова е навистина важен податок!
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





