20 Мај, 2024
0.0335

Зошто правникот на „Езимит“ ги превзеде акциите на „Езимит“ во „Бетон Штип“?

Објавено во: Економија 29 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Сашко Бошков, директор за правни работи во „Езимит“ стана нов најголем поединечен акционер во штипската градежна компанија „Бетон“ така што преку неговата фирма Бим Инвест Инженеринг ги превзеде 23,3 отсто од акциите на „Бетон“ што досега беа во сопственост на „Езимит Инвест ДООЕЛ“

Штипската компанија „Езимит“ ги отуѓи своите 9.749 акции со право на глас во штипската градежна компанија и тие сега се во сопственост на штипската компанија БИМ Инвест Инженеринг, објави вчера штипската градежна компанија на Македонската берза за хартии од вредност. 

„Езимит“ поседува 23,32 отсто од акциите со право на глас во штипската градежна компанија „Бетон“ и е најголем акционер во таа компанија. Сега најголем сопственик на акциите со право на глас е штипската фирма БИМ Инвест Инженеринг чиј сопственик е штипјанцот Сашко Бошков. Тој е член на менаџментот и е надлежен за правни работи на „Бетон Штип“, а воедно и претседавач на Собранието на акционери на штипската градежна компанија.

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста направи обид да стапи во контакт со Бошков и со Зоранчо Митревски сопственик на „Езимит“ за да праша од кои причини се случила купопродажбата на акциите. За жал во обидите за телефонски контакт останаа неуспешни, па прашањата беа доставени и на мејл адреса на „Езимит“ и ако има одговори ќе ги објавиме во целост.

Засега на берзата нема објавено информација како се отуѓени акциите на „Езимит Инвест ДООЕЛ“, дали тие се продадени и по која цена. Затоа што досега не е објавено информацијата за тоа дали станува збор за блок трансакција или количеството е истргувано во класично тргување. Воедно уште нема информација ниту дали станува збор на нетрговска трансфер. Според достапни податоци на берзата последната пазарна цена за таа акција е 1.600 денари, а по неа пазарната капитализација на делот што го купи Бошков е над 252.000 евра. Книговодствената вредност на акцијата на „Бетон Штип“ е шест пати повисока од последната пазарна цена. Агрегатот на нето добивката по акција за трите последни години (2014,2015 и 2016) е 3.000 денари.

Оваа информација предизвика голем интерес кај инвеститорската јавност затоа што во суштина настанува значајна сопственичка промена во која фирма што е сопственост на Зоранчо Митровски, сопственик на „Езимит Инвест“ сега ги отуѓува акциите и како сопственик на фирмата во која се префрлаат акциите се јавува друго физичко лице Сашко Бошков, кој е менаџер во „Езимит“.

„Бетон Штип“ е солидно позициониран на македонскиот градежен пазар и значајно го зголеми своето пазарно учество во последниве шест години и се профилираше во трета најголема градежна компанија на нашиот пазар по „Бетон Скопје“ и „Гранит“. Во акционерската структура на „Бетон Штип“ освен „Езимит“ има уште три други големи поединечни акционери. Тоа се скопските компании „Ескико“, ТИМ и Орка Холдинг и сите имаат по 19,5 отсто од акциите со право на глас.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра