23 Ноември, 2024
0.1623

Зошто Ракот е еден од најспецифичните хороскопски знаци?

Објавено во: Општо 06 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Ракови се дефинитивно еден од најспецифичните хороскопски знаци, не само затоа што се големи емотивци, туку и поради тоа кога еднаш ќе влезе под својата школка, со нив нема така лесно да излезете на крај. Еве зошто Раковите се еден од најспецифични хороскопски знаци.

Тие се неверојатно емотивни и чувствителни, но тоа немојте да го гледате како нивна слабост, туку како нешто што ги “храни” за новите животни победи.

Тие се прекрасни соговорници, умеат и внимателно да ве слушаат, давајќи впечаток на личност од доверба, и со тоа секогаш ќе ви дадат и супер совети па било каков проблем да имате.

Умеат со зборовите, било да се во пишана или усна форма, а точно знаат што и кога треба да кажат.

Тие се луѓе со убави манири, се додека некој не ги “допре” кај пријателите и семејството. Е, тогаш можете слободно да побегнете далеку од нив и да се скриете.

Ова не носи до фактот дека Раковите се многу заштитнички настроени кон луѓето кои ги сакаат значи кон најблиските – членовите на семејството, партнерот и најдобрите пријатели.

Тие сакаат деца и животни, а можеме да кажеме дека таа љубов е обострана! Затоа, Раковите често ќе ги видите опкружени со многу  деца и животни.

Меморијата е нешто што е секако претставува предност на Раковите, затоа немојте да се изненадите ако потполно неочекувано ви честитаат роденден или пак ве присетат што се случило на 22 март 2005 година.

Раковите ги чуваат сите можни ситни нешта, кои ги потсетуваат на некој убав период во нивниот живот и ништо не може да ги изнервира или да ги разочара како губењето на некои од овие ситници.

Никогаш не се доволно наспани или доволно одморени. Тие се вечни оптимисти, и покрај фактот дека во текот на денот може да се најдат во педесет различни емотивни состојби. Секогаш се обидуваат позитивно да гледаат на работите и се трудат да ја остварат секоја цел.

Неверојатно се реални без разлика колку тоа ги боли, ќе ги прифатат работите такви какви што се. Тие умеат да живеат како во бајките, но мораме да признаеме дека и реалниот поглед на светот не им е толку непознат.

Тие ги сакаат луѓето, но сепак времето со поголемо задоволство ќе го поминат дома, со своето проверено друштво. За нив нема подобра забава од онаа помината со личностите кои посебно ги сакаат и се грижат за нив.

Иако емоциите тешко ги контролираат, ако не и најтешко, секогаш настојуваат прво да им помогнат на другите отколку на себе, и тоа не само затоа што тоа е посилно од нив, туку затоа што тоа им е најдобар начин да “побегнат”од своите чувства.

За Раковите, нивниот дом е  центарот на нивниот свет, и никој не може да го промени тоа. Таму се чувствуваат најбезбедно, исполнето и вистински среќни.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.