05 Декември, 2025
0.0432

Зошто руските службеници нарачуваат сребрени чорапи?

Објавено во: Стил 09 Октомври, 2013 22:01

Добивај вести на Viber

Министерството за вонредни ситуации на Русија распиша конкурс за набавка на 63.400 пара памучни чорапи со " нано- честички" , кои имаат антибактериски ефект. Како што пишува на официјалната веб-страница, вкупната цена на чорапите ќе изнесува 2,9 милиони рубљи ( 66.000 евра ). Според проектните документи, еден пар чорапи треба да чини 47,3 рубљи (околу едно евро). „Машките чорапи треба да бидат обоени со дополнителна технолошка операција со нано-модифицирана ткаенина која содржи сребрени честички, " пишува во објавата. Министерството претходно објави тендер и за купување на анти-стрес систем „Сензориум ", на фотелја за опуштање со „нулта гравитација " која треба „да генерира светлина, звук и вибрации. " Со ваквите тендери се занимаваат медиумите и јавноста, не само затоа што тие се необични, но и екстравагантни . На порталот за владините набавки често има обиди за нарачка на луксузни и скапи автомобили, раскошен мебел, скапоцени сувенири , сите на сметка на буџетот. Неодамна, во фокусот беше огласот на администрација на Краснојарск, која  бара реконструкција на тоалетите за службеници, по цена од 1,6 милиони рубљи ( 36.000 евра ). По скандалот , јавниот конкурс беше поништен. Во април оваа година беше објавена на веб-сајтот објава за купување мастики за џвакање за 17.000 рубли (390 евра).  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: