Зошто САД го суспендираа стратешкиот дијалог со Косово?
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2025 20:23
СAД го суспендираа на неодредено време планираниот стратешки дијалог поради загриженост во врска со дејствијата на Владата на Косово кои ги зголемија тензиите и нестабилноста, ограничувајќи ја способноста на САД продуктивно да работат на заедничките приоритети, објави Амбасадата на САД во Приштина.
„Нашиот однос со Косово се темели на заедничка цел: зајакнување на мирот и стабилноста како основа за меѓусебен економски просперитет. За жал, неодамнешните дејствија и изјави на привремениот премиер Курти претставуваат предизвици за напредокот постигнат во текот на многу години. Стратешкиот дијалог имаше за цел зајакнување на економските и дипломатските врски во корист на американскиот и косовскиот народ. Се надеваме дека ќе продолжиме со вакви напори во иднина кога ќе биде соодветно. Знаеме дека ова е цел што народот на Косово ја дава како приоритет“, се вели во соопштението.
Од Амбасадата претходно во изјава за косовоски медиуми беше речено дека изјавите на Албин Курти на седницата на Главниот одбор на движењето Самоопределување, каде што е нападнат Уставниот суд, ја зголемиле нестабилноста и несигурноста во Косово.
Стратешкиот дијалог е процес што американскиот Стејт департмент го спроведува со земјите од светот со цел подобрување на билатералните односи, а вклучува разговори на високо ниво на широк спектар теми како што се одбраната, безбедноста, животната средина, енергетиката и економската соработка.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




