14 Мај, 2024
0.0317

Зошто се намалува кредитирањето на фирмите, а расте задолженоста на граѓаните?

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Како се доведовме во ситуација да се намалува кредитирањето на домашните фирми и тоа во услови кога тие не издаваат корпоративни обврзници? Податоците покажуваат дека нивното кредитирање лани се намалило за 93,5 милиони евра во однос на 2015 година односно за 4 отсто. Балон ли е проекцијата за раст за БДП во услови кога опаѓа економската активност на фирмите? Оди ли во рикверц македонската економија? Банките ги интересира профитот и сега во фокус им се граѓаните чии кредити лани пораснале за 137,6 милиони евра и достигнале 2,096 милијарди евра. Како граѓаните ќе враќаат кредити ако фирмите во кои работат послабо се кредитираат, немаат сопствени средства за вложување  и не зајмат за инвестирање во развој? Има ли конкуренција на банкарскиот пазар?

Граѓаните на крајот на минатата година на домашните деловни банки должат 2,096 милијарди евра, и нивниот долг кон банките само лани се зголемил за 137,6 милиони евра односно за 7 отсто, покажуваат официјалните подацоти на централната банка. Банките очигледно агресивно го напаѓаат граѓанскиот сектор заради тоа што официјалната статистика покажува дека се намалува кредитирањето на стопанството. Според официјалните податоци фирмите на крајот на 2016 година на банките должеле 2,46 милијарди денари што е за 4 отсто помалку од 2015 година.

Очигледно е дека банките имаат значајно влијание врз домашната економија и БДП преку зголеменото кредитирање на населението . Тоа сигурно значајно стимулирало економска активност во две насоки.

Прво, зголемување на трговијата преку продажби на стоки и услуги од широка потрошувачка затоа што голема е палетатата на производи и стоки што ги купуваат граѓаните. Тоа, само површно, влијае позитивно врз економската активност, но го „дразни“ силно и трговскиот дефиците особено затоа што голем дел од стоките и услугите се увоз кој се плаќа во конвертибилна валута и го зголемува минусот на тековната сметка на државата. Има ли тука развој?

Второ, кредитирањето на населението сигурно дека во значајна мерка ја стимулира домашната градежна номенклатура која се занимава со изградба и продажба на станови за колективно домување, а во помала мерка и на куќи за семејно живеење. Тука, има бизнис за фирмите и за нивните контрактори односно деловни партнери кои им испорачуваат стоки и материјални услуги. Но тука нема развој затоа што тоа не се инвестиции во крајна линија. Добитни на долг рок се само банките затоа што ги врзуваат граѓаните долгорочно со нивните станбени и други кредитни производи и обезбедуваат приливи по основ на камати кои се со значајни па дури и високи стапки. Заради обејктивен приказ тука мора да се каже дека нивото на кредитна задолженост на граѓаните ако се спореди со тоа на фирмите е значајно пониско. Затоа што нивото на депозити и штедни влогови кај граѓаните на крај на 2016 година е значајно во прилог на депозитите. Така на секој денар граѓански кредит има 1,7 денари граѓански штедни влогови и депозити. И тука банкарите велат дека има потенцијал за раст на овој бизнис и веројатно тоа ќе биде простор што ќе го освојуваат во идните неколку години. Тој сооднос кај фирмите е во корист на кредитите. Односно на секој денар во корпоративни депозити има 1,74 денари кредити. Но можат ли граѓаните да враќаат кредити ако се појават проблеми со платите во фирмите во кои тие работат? А нели, нивното кредитирање се намалува.

Зошто во Македонија корпоративните обврзници се утопија?

Очигледно дека корпоративното кредитирање е во дефанзива. Дилемата е дали тоа е затоа што фирмите немаат идеи за раст и подобрување на конкурентноста, дали се незаинтересирани за развој? Дали банкарските камати се високи или пак банките не сакаат да издаваат кредити на фирмите и бираат внимателно кому ќе дадат? Веројатно има повеќе различни причини за овој резултат и дека сликата не е ниту може да биде црно бела. Но сепак овој тренд во кредитирањето на компаниите отвара барем две прашања. Прво менаџерите и сопствениците на фирмите постојано се жалат и бараат подобри кредитни услови од банките. Но не кажуваат зошто не се обидат со корпоративни обврзници преку директно задолжување на Македонската берза? И дали банките би сакале да бидат покровители на такви финансиски операции? Затоа што фирмите треба да се обидат да дојдат до поевтини пари. Зошто ова е табу тема во Македонија? А во депозити и влогови лежат повеќе од 5 милијарди евра. А може да отворат простор и за нов бизнис во земјава – тоа е инвестициското банкарство. Сигурно дека и на банките ќе им годи конкуренција. Има ли простор да бидеме оптимисти во услови кога кредитирањето на фирмите се намалува, не се издаваат корпоративни обврзници ниту има други алтернативи за кредитирање на бизнисите?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРАНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРАНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила