19 Декември, 2025
0.0406

КОЈ СЕ ВРАБОТИЛ, СО СРЕЌА! Од јануари многу потешко за вработување во администрација!

Објавено во: Економија 04 Декември, 2014 09:08

Добивај вести на Viber

На истекот од оваа година се спроведуваат стотици вработувања на централно и локално ниво. Во првите три дена од овој месец на веб страната на Агенцијата за администрација се објавени вкупно 10 огласи за вработување во државната служба. Најмногу работни позиции огласи Владата, се бараат 194 државни службеници за неколку работни позиции. Во огласот за вработување во Генралниот секретаријат на Владата се бараат советници, соработници и референти во девет различни сектори. Само за една од работните позиции се бара работно искуство,  за останатите кандидатите не треба да имаат работно искуство. Заинтересираните кандидати  треба да ги достават апликациите во рок од пет дена. Во зависност од квалификациите во огласите се нудат плати од 13.000 до над 36.000 денари. Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека новиот оглас за вработување е за нови работни места кои ќе се пополнуваат по Рамковен договор.
-Станува збор за отворање на нови работни места и овој пат во овој оглас е предвидено главно да се излезе во пресрет на помалите етнички заедници согласно приципите на Рамковниот договор, изјави премиерот на Владата на РМ, Никола Груевски.
Не запираат вработувањата и во останатите државни институции. Освен огласот за вработување во Владата, овој месец се објавија огласи за вработување на државни службеници во неколку министерства и општини. Се бараат советници, соработници и референти, во министерствата за култура, образование, информатичко општетсво, финансии, економија, Агенцијата за храна и ветеринарство и во дел од општините како Карпош, Чешиново и Облешево, Македонска Каменица. Во текот на месецов се најави и нов оглас за пополнување на 181 испразнето место во итната медицинска помош низ цела Македонија. Изминатиов период се спроведоа низа огласи за стотици вработувања во различни министерства, државни агенции, општини. И пред еден месец, вратите за нови вработувања ги отворија министерствата за финансии, труд и социјална политика, образование, земјоделство, локална самоуправа, Агенција за државни патишта и дел од општините. Во октомври Владата објави оглас за вработувања на 113 државни службеници за вработување директно во Владата,а потоа и 180 вработувања во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Најголем дел од огласите што беа претходно објавени се завршени и во моментов оние што аплицирале ги полагаат испитите во Агенцијата за администрација. Зошто се спорведуваат масовните  вработувања во државните јасли? Дел од експертите сметаат дека ваквите вработувања во овој период се избрзано се спроведуваат поради новиот Закон за администрација кој треба да стапи на сила на почетокот на следната година, а со кој се заоструваат критериумите за работа во државна служба.
-Најверојатно една од причините за овие вработувања се новите законски решенија кои стапуваат на сила од следната година. Сметам дека се избрза со распишувањето на овие огласи во јавната администрација. Законот би требало да почне да се применува од февруари следната година и мислам дека требаше да се почека, бидејќи навистина се работи законски решенија кои се реформски и со кој се инсистира на стручност и компетентност на оние кои што треба да влегуваат во јавната администрација. Тука се регулира и положбата и на оние што се времено вработени, тоа досега не беше регулирано, има оценување, наградување и друго, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски.
Новиот закон за админстрација треба да предвидува строги критериуми во делот на полагањето на испитите но и тестирања за веќе вработените. Ако сега за вработување во администрација се полагаат три до четери испити, од следната година кандидатите ќе треба да полагаат чест испити. Според експертите ваквите строги критериуми треба да ја направат администрацијата поефикасна.
-Има многу елементи кои што важат не само за новите вработувања туку  и за веќе постоечката администрација. На пример за оние кои се вработени во јавната администрација има одредени предуслови така што им се дава рок од две години да положат  одредени нивоа на англиски јазик и други тестирања. Согласно новите прописи нема како досега три до четири испита , сега ќе се полагаат пет до шест испита,  тест за интегритет, психолошки тест, општо познавање, компјутери.Се работи за многу сериозен закон и треба голема политичка волја за да се применува. Сметам дека многу и од постоечката администрација нема да ќе ги исполнат условите за да го задржат работното место. Од друга страна пак, оние што ќе бидат примени согласно новите закони, се дава гаранција дека ќе имаме стручна и компетентна администрација, односно онака како што налага и Уставот и Законот за администрација, каде што се инсистира особено на стручност и компетентност, а не на политизација, објаснува универзитетскиот професор Давитковски.
Токму на политизацијата на администрацијата потсети и Европската Комисија во последниот извештај за напредокот на Македонија. Брисел во извештајот наведува дека е добро што ќе почнат да се спроведуваат новите законски решенија кои треба да значат обезбедување на  унифицирана, транспарентна и одговорна јавна администрација. Сепак и во овој извештај ЕК нотира  дека и покрај реформите, сериозен проблем останува партизацијата на администрацијата..,
-Новата законска рамка насочува вработување за мнозинските и малцинските заедници, со што повеќе акцент се дава на заслужените оценки. Земјата е ангажирана во широки реформи на јавната администрација. Сепак, политизација и на централно и на локално ниво останува сериозен проблем. Довербата во независноста на државните институции е ниска поради перцепциите дека јавната администрација е политизирана и нетранспарентена, се наведува во извештајот на ЕК.
Издашноста на буџетот за исплата на плати за администрација во последниве неколку години постојано расте. Аналитичарите укажуваат дека голем од процент од буџетот оди за исплата на плати на државните и јавните службеници, пари кои се неповратни. Во 2011 година од буџетот за оваа ставка биле одвоени над 365 милиони евра, следната 2012 -та близу 380 милиони евра, лани за плати во администрацијата 362.161.560 евра, но годинава сумата за исплата на плати повторно е зголемена и изнесува 372.762.373 евра. Следната година за исплата на плати за адмнистрација се планирани близу 400 милиони евра, што споредено со годинава е за 25 милиони евра повеќе. Вкупно за пет години за оваа буџетска ставка ќе се одвојат близу 1,9 милјарди евра. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?