Зошто Селаудин Арифи му „мавна корпа“ на „Жито Полог“ и си наплати 115.000 евра?
Објавено во: Економија 12 Јули, 2023 08:22
Кичевскиот акционер излезе од акционерската структура на „Жито Полог“ и ги продаде сите свои акции во таа компанија. Последната трансакција се случи пред една недела и „Жито Полог“ иако покажа загуба за прв квартал, плати 115.000 евра за последните 5,5 отсто акции на АС Сењак фирма на Селаудин Арифи
Тетовската компанија „Жито Полог“ која порано беше синоним за најголем хранител на Полог со леб, брашно, јајца и пецива плати 115.000 евра за да купи сопствени акции од кои нема никаква корист. Овие пари од „Жито Полог“ ги плати на неговиот досегашен акционер „Ас Сењак“ чиј сопственик е Селаудин Арифи долгогодишниот бизнисмен од Кичево.
Акциите на АС Сењак „Жито Полог“ ги купи по цена од 2.260 денари. Станува збор за 5,5 отсто акции кои досега беа на фирмата на Селаудин Арифи. Таа е единствената цена во последната година и по неа беа истргувани акции кои на „Жито Полог“ му ги продаде истата кичевска фирма. По овие две „деловни операции“ Жито Полог потроши поеќе од четврт милион евра за да купи сопствени акции кои всушност за компанијата и не создаваат нова вредност.
Сопствениот откуп има популарно име стерилизација затоа што значи затворање на кеш односно негово стерилизирање во акции кои не носат ниту право на глас ниту пак право на учество во добивката односно можност за приливи од дивиденда.
Сега „Жито Полог“ поседува во сопствен откуп дури 20 отсто од сите акции со право на глас. Други големи акционери во таа компанија остануваат: Орка холдинг со 24,95 отсто од акциите, Сергеј Самсоненко со 19,9 отсто, Ненад Јосифовиќ и „Лид Комуникејшн“ со по 12,5 отсто и скопската компанија „Софија градба“ со 5 отсто.
Веројатно е најлошо тоа што „Жито Полог“ е во незавидна ситуација барем според податоците за неговото финансиско работење во првиот квартал годинава. Компанијата за три месеци односно од почеток на јануари до крајот на март годинава прикажала загуба од 100.000 евра. Тоа значи дека во оваа состојба за тоа друштво е голем товар исплатата на секои средства кои всушност и не се во функција на неговото оперативно работење. И тука вреди да се напомене и тоа дека ниту еден од другите акционери кои можеле да докупат акции без да го активираат механизмот за давање јавна понуда не го направил тоа иако биле во можност да не биде на товар на „Жито Полог“ чија финансиска состојба не е сјајна.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




