19 Мај, 2024
0.0269

Зошто Швеѓаните мислат дека „во секое зло“ има економска добивка?

Објавено во: Економија, Свет 24 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

И покрај сите проблеми Шведскиот Национален институт за економски истражувања предвидува дека економијата на земјата и во 2016 година силно ќе расте. Прогнозите на шведските институции изненадија многумина економисти, но некои од нив укажуваат на фактот дека „нешто што изгледа како црн облак, всушност може да биде сребрена нишка“.

Ова се некои од слабостите на шведската економија за кои експертите мислат дека може да допринесат на позитивни економски движења.

Бегалска криза

Додека шведските власти се борат со приливот на емигранти во земјата, економистите сметаат дека бегалците ја јакнеат економијата.

„Неопходно е да се обезбеди сместување, здравствена заштита и уште многу работи за луѓето кои доаѓаат во Шведска. Тоа значи поголема побарувачка за сите тие работи и поголема потрошувачка“, велат експертите.

Криза на стамбениот простор

Шведска се бори со недостатокот на стамбени кредити. На социјален план во Стокхолм се чека повеќе од 8 години. Експертите велат дека тоа е уште една „Криза“ од која економијата ќе има корист на долг рок, бидејќи растат вложувањата во недвижнини, а тоа ја зајакнува економијата.

Глобална економија

Тука е важен домино ефектот, што значи дека ако другите големи економии напредуваат, и останатите ќе имаат корист од тоа. Кога се во прашање САД и ЕУ, тука е евидентен напредокот. Проблемот е во бавниот раст на Кина, што би можело негативно да се одрази на глобалната економија.

Ефтина круна

Одлуката на централната банка да ја намали референтната камата на рекордни нивоа, минус -0,35 одсто, ја ослабна вредноста на шведската круна во однос на водечките светски валути. Меѓутоа, економистите сметаат дека ефтината круна има и свои предности во секторот на туризмот и привлекување на странските туристи.

Ниската каматна стапка значи дека Швеѓаните полесно ќе посегнуваат по своите паричници. Чуството дека може повеќе да трошат создава самодоверба кај потрошувачите , а тоа е важен предуслов за раст не економијата во целина, сметаат шведските економисти.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра