25 Април, 2025
0.0371

Зошто сите театри годишно прават помалку пари од турбо фолк ѕвезда за еден концерт?

Објавено во: Економија 26 Декември, 2018 07:00

Добивај вести на Viber

Бројките покажуваат дека македонската театарска сцена не може без државна инфузија. Поразително е колку ние Македонците малку одиме на театар. Еден македонски професионален театар годишно продава помалку карти од еден турбо фолк пеач за една ноќ

Македонски театар за една година продава помалку билети од една просечна турбо фолк ѕвезда на гостување во Скопје за еден концерт. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека македонски професионален театар за една сезона (2017-2018 година) продава просечно околу 20.000 билети односно има толку посетители (н.з. веројатно бројот на посетители е помал затоа што многумина гледачи се редовни посетители на театарски претстави).

Како и да е поразителна е статистиката според која еден македонски професионален театар годишно продава помалку карти од една турбо фолк ѕвезда што продава влезници за еден концерт во Скопје.

Официјалната статитика покажува дека сите македонски 17 професионални театри во оваа сезона продале вкупно 232.951 билет за 1.109 претстави. Во оваа бројка се и податоците за гостувањата на македонските театри, но во статистиката не е наведено дали се домашни или и гостувања во странство. Како и да е просечно по претстава македонски професионален театар продава 210 билети. Каков е просекот на продадени билети на ниво на Европска унија не знаеме, но сигурно е дека со ваква продажба во Македонија нашите театри без субвенции од државата не би можеле да издржат ниту три месеци работење.

Во кој град најмалку се гледаат театарски престави?

Охриѓани се најнезаинтересирани за театарски претстави. Центарот на словенската култура има професионален театар во кој се вработени 44 лица. Тие лани продуцирале 5 дела и одиграле 27 претстави од кои 19 се во театрот во Охрид. Нив ги посетиле вкупно 3.760 гледачи од кои во Охрид биле само 2.070 посетители. Просечно по претстава имало 109 гледачи што е речиси половина од републичкиот просек.

Тетовскиот театар последната сезона одржал 14 претстави и имал едно гостување. Тетовските претстави ги проследиле 3.440 посетители или 246 лица по претстава.

Велешкиот театар одржал најмногу претстави. Вкупно 136 претстави на 10 дела. Во велешкиот театар се одржале 123 претстави и нив ги гледале вкупно 19.156 лица односно 170 лица по претстава.

Скопје со своите 8 театри привлекол вкупно 121.907 посетители. Тие посетители одгледале 450 претстави на вкупно 73 дела.

Сите податоци за состојбата со македонската театарска сцена можете да ги прочитате на следниот линк http://www.stat.gov.mk/pdf/2018/2.1.18.35.pdf


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА МЕСЕЧНО СЕ ВРТАТ ВО БИЗНИСОТ СО БРЗИ ПОШТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА МЕСЕЧНО СЕ ВРТАТ ВО БИЗНИСОТ СО БРЗИ ПОШТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

Од отпад до визија: Како МИТ ГРУП од Куманово ја градеше иднината со помош на менторство

Од отпад до визија: Како МИТ ГРУП од Куманово ја градеше иднината со помош на менторство

Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто

Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто

ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ СЕ ПЛАТЕНИ И ИМА МОЖНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НО НИЕ ИМАМЕ ЗАШТИТА ПРЕКУ КОДОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ СЕ ПЛАТЕНИ И ИМА МОЖНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НО НИЕ ИМАМЕ ЗАШТИТА ПРЕКУ КОДОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

НОВИТЕ ГАЗДИ НА ХОТЕЛИЕРСКИОТ ГИГАНТ СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ И МИРНА ТРАНЗИЦИЈА ОД ЕРАТА НА ТАНЕВСКИ - за што ќе гласаат акционерите на „Македонијатурист“

НОВИТЕ ГАЗДИ НА ХОТЕЛИЕРСКИОТ ГИГАНТ СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ И МИРНА ТРАНЗИЦИЈА ОД ЕРАТА НА ТАНЕВСКИ - за што ќе гласаат акционерите на „Македонијатурист“

Кое е извозното чудо од Велес? За три месеци од извоз на конци и преѓа заработи 1,8 милиони евра!

Кое е извозното чудо од Велес? За три месеци од извоз на конци и преѓа заработи 1,8 милиони евра!

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

БОЛНИОТ ПАД НА ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Шваб обвинет за манипулација: Тој цврсто ги негира сите обвинувања

БОЛНИОТ ПАД НА ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Шваб обвинет за манипулација: Тој цврсто ги негира сите обвинувања

ЗА ОВА МОЖАТ ДА ВЕ ВРАТАТ ОД ГРАНИЦА: Доколку сте планирале патување, задолжително проверете една работа

ЗА ОВА МОЖАТ ДА ВЕ ВРАТАТ ОД ГРАНИЦА: Доколку сте планирале патување, задолжително проверете една работа