19 Декември, 2025
0.0565

Зошто скопјани може многу скапо да платат за протераниот службеник од руска амбасада?

Објавено во: Економија 30 Март, 2018 08:31

Добивај вести на Viber

Ако Русите одлучат да ја зголемат цената на гасот што го увезува Македонија големи се шансите претстојната зима парното да ги изгори скопјани. Силен ќе биде потресот и за дваесетина големи домашни компании кои значајно учествуваат во македонскиот БДП, а гасот го користат како енергенс. Поскапиот гас ќе ја загрози нивната конкурентност, а со тоа и позицијата на многубројни помалку домашни фирми – нивни соработници. Има ли конкретен одговор министерот Никола Димитров колку македонската економија ќе ја чини протерувањето на чиновникот од руската амбасада во Скопје? 

Им се заканува ли на скопјани драстично поскапување на парното греење? Ова е суштинското прашање што треба да си го постават сите засегнати страни откако нашето Министерство за надворешни работи објави дека се солидаризира со Велика Британија и дека заради тоа го протера руски дипломат т.е. службеник од Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија. 

По сите меѓународни норми и правила Русија т.е. Руската федерација има право на реципроцитет кој подразбира и економски мерки во случај на нарушени билатерални односи кои се предизвикани од другата страна односно во нашиот случај од македонската влада. 

Што ако Руската федерација одлучи да воведе специјални цени за извоз на рускиот природен гас во Република Македонија? Има ли нашата Влада резервно сценарио?

Во земјава преку националниот гасоводен систем со кој управува ГА-МА, компанија во мешовита државно – приватна сопственост, Македонија се снабдува со руски природен гас, а Русија е најголем снабдувач на природен гас во континентална Европа, а воедно е значаен снабдувач и на Велика Британија. Доколку Русите одлучат да ја зголемат цената на гасот, а тоа го правеле досега во случаи со други држави меѓу кои има и членки на ЕУ, што ќе превземе македонската Влада и дали има начин да им помогне на домашните компании кои го користат природниот гас како енергенс?

Ќе ја урди ли гром македонската економија?

Од достапните податоци на Регулаторната комисија за енергетика за 2016 година во земјава има 55 регистриани субјекти корсници на природен гас. Меѓу нив најголем дел се компании. Меѓу најзначајните се централата за производство на струја и топлинска енергија ТЕ-ТО од Скопје, регулираниот снабдувач на скопјани со топлинска енергија БЕГ (двете заедно потрошиле 70 отсто од гасот што влегол во Макеоднија во 2016 година). Од ова е очигледно дека ако Русија реши да воведе радикални мерки најголемиот удар ќе биде врз скопјани кои се затоплуваат на централниот систем за топлинска енергија. Од големите компании на листата се: Макстил, ЕЛЕМ Енергетика, компаниите од технилошката индустриска развојна зона Скопје 1 и Скопје 2, Алкалоид, Жито Лукс, Клиничкиот центар Мајка Тереза, ФЗЦ 11 Октомври, Цементарата УСЈЕ, Скопска пивара, кондиторската индустрија Европа, ДС Смитх (поранешна Комуна). Како ќе се справат овие компании со потенцијното поскапување на нивните производи и услуги доколку поскапи нивниот енергенс? Ако поскапи гасот тој инпут значајно и негативно ќе влијае врз нивната конкурентност. Ги праша ли македонската дипломатија домашните бизнисмени како ќе влијае протерувањето на службеник од руската амбасада врз домашната економија???

Кој ќе ја плати цената односно загубата?

Ова е голем предизвик за македонската економија заради тоа што на листата на потрошувачи на гас се многу големи компании кои значајно учествуваат во создавањето на нашиот брутодомашен производ. Проблемот е уште поголем заради тоа што овие големи домашни компании имаат многу мали домашни компании пдоизведувачи, контрактори и деловни партнери. Како проблемот на големите ќе се рефлектира врз малите??? Има ли нашата Влада сценарио колкави може да бидат загубите, кој ќе ги покрие и колку големи можат да бидат негативните последици за македонската економија?
Од Владата побаравме одговори на прашањата за можните несакани ефекти врз македонската економија и штом ќе ги добиеме ќе ги објавиме во целост.

Колку гас троши Македонија?

Од податоците на АД ГА-МА Скопје носител на лиценците за пренос и управување со системот за пренос на природен гас, вкупните пренесени количини на природен гас во Република Македонија до потрошувачите на природен гас во текот на 2016 година изнесуваат 213.439.518 nm3 . Ова се најголеми количини на природен гас кои што се пренесени преку системот за пренос, и претставува зголемување на пренесените количини на природен гас за 58,5% во однос на 2015 година. Ваквото зголемување на испорачаните количини на природен гас се должи пред се на потрошувачката на ТЕ-ТО АД Скопје кој што во 2016 година изнесува 122.634.568 nm3 природен гас.Воедно и нивото на цени на пазарите на природен гас на големо и мало во Република Македонија во текот на 2016 година е на значително пониско ниво споредено со 2015 година, односно имаме просечно годишно намалување за скоро 30%.

Колкав е капацитетот на македонскиот гасоводен систем Вкупниот капацитет на системот за пренос на природен гас изнесува 800 милиони nm3 /годишно, со работен притисок од 54 бари и дијаметар на магистралниот вод од 530 mm. Капацитетот може да се зголеми на 1.200 милиони nm3 /годишно со изградба на компресорска станица на првиот дел на магистралниот гасовод. Максималната пропустливост на магистралниот гасовод изнесува 240.000 nm3 /час.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии