Зошто треба да бидете среќни ако имате Лав во вашиот живот?
Објавено во: Општо 01 Јануари, 2017
За Лавовите се зборува и пишува многу. И сите најчесто се фокусираат на фактот дека Лавовите имаат јако его или дека сакаат да бидат центар на внимание, па затоа и луѓето со скептицизам реагираат кога ќе чујат дека некој е лав.
Но, има и една друга страна кај Лавовите, страна која прави да бидете среќни и благодарни што ги имате во животот. Денес се осврнуваме на позитивните и убавите страни кај Лавот, заради кои тие се толку посакувано друштво.
Тие се исклучително лојални
Ако Лавот ве почитува на каков било начин, без разлика дали е тоа како пријател, роднина, животен сопатник, познаник, колега, тогаш ќе знаете. Со сигурност. Тие нема да глумат дека ве почитуваат, но ако навистина мислат дека сте личност која вреди да биде во нивниот живот, тогаш ќе бидат лојални до крај.
Ако имате Лав во животот, сигурно знаете дека секогаш можете да се потпрете на нив и дека никогаш нема да ве изневерат или да ви забијат нож во грб. Тие ќе стојат покрај вас дури и кога другите ќе ве напуштат.
Тие се амбициозни
Лавовите го сакаат животот и се многу страствени. И кога ќе започнат нешто, сакаат да бидат најдобри во тоа што го прават. Покрај тоа што се страствени, имаат и големо его, па затоа оваа комбинација на страст и его прави да биде речиси невозможно да се откажат од тоа што го започнале или не дај Боже да си дозволат да бидат подпросечни. Секогаш, ама секогаш го даваат најдоброто од себе, но за возврат го бараат најдоброто и од другите и никогаш не се задоволуваат со медиокритет.
И затоа речиси секогаш го добиваат тоа што го сакаат.
Тие се забавни
Со нив никогаш не е здодевно. Тие ја мразат монотонијата и рутината, па затоа и постојано изнаоѓаат начини како да си го направат животот интересен. Тие се гушат кога постојано го прават истото и тоа на истиот начин, па со нив и чистењето по дома, па и одењето на кафе е интересен настан кој не сакате да го пропуштите.
Тие се брутално искрени
Луѓето секогаш велат дека ја сакаат вистината, а се лутат кога ќе им ја кажете. Лавовите не се грижат многу за тоа, бидејќи за нив единствен начин да се чекори низ животот е преку искреност. Нивната искреност за вашата ужасна фризура или катастрофална модна комбинација можеби ќе ве навреди, но на крајот од денот секогаш ќе бидете благодарни што имате личност којашто ве почитува со тоа што ви ја кажува вистината.
Точно е дека понекогаш кажуваат работи и без да ги промислат, но никогаш не се злонамерни. И затоа нивната искреност е освежувачка. Иако можеби ќе ви треба време да се навикнете.
Тие секогаш го гледаат животот од неговата посветла страна
Никој не може да ви го разведри животот како Лавовите, особено кога проаѓате низ лош период. Тие едноставно зрачат со позитивна енергија, цврстина, љубов и оптимизам. Главното мото во нивниот живот е: „Животот нема реприза“, па така и го живеат животот.
Нивните енергија и оптимизам се толку заразни што невозможно е да не ве извлече од тажното расположение. Да, понекогаш се малку себични, но тие секогаш ќе ви подадат рака кога сте на земја.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.