07 Октомври, 2024
0.0280

Зошто Владата не ја суспендира изградбата на хидроелектраните во Маврово?

Објавено во: Македонија 17 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Владата е се уште нема на барањата на постојаниот Комитет на Бернската конвенција за заштита на дивиот растителен и животински свет при Советот на Европа за суспендирање на изградбата на хидроелектраните во Националниот парк (НП) Маврово, ниту ги има раскинато концесиските договори кои се прекршени, , соопштија денеска Еко-свест и ФРОНТ 21/42

Здруженијата ги пренесуваат резултатите од најновата  студија на Бенквоч која покажува дека „на балканските реки им се заканува уништување од хидроенергетски проекти финансирани од големите банки“.

„Уште во 2015 година побаравме суспендирање на сите хидроенергетски проекти во НП Марово. Во октомври 2017 уште еднаш ја потсетивме Владата на Македонија за обврската за суспендирање на четирите хидроелектрани: на река Жировничка, Јадовска и Рибничка, чии договори за концесија се прекршени и треба да бидат суспендирани. И покрај се, Владата се уште не ја суспендираше изградбата на овие хидроелектрани, ниту ги има раскинато договорите“,  изјави Александара Бујарска еколошки правник во ФРОНТ 21/42.

Тие додаваат дека, проектот во Тресонче кој се наоѓа во Националниот парк Маврово, е главна причина за уништувањето на водните видови во Тресонечка река.

„Овој случај треба да биде сериозно предупредување за македонската Влада и за инвеститорите и промоторите на хидроелектраните, за можните катастрофални последици кои би следеле доколку се остварат плановите за сите 15 хидроелекрани во НП Маврово“, посочуваат здруженијата.

Извештајот на Бенквоч покажува дека во Југоисточна Европа меѓународните банки финансираат изградба на 82 проекта, многу од нив во заштитени зони.

Од 2005 година наваму Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Групацијата на Светската банка имаат одобрено заеми и гаранции во износ од 727 милиони евра за вкупно 82 хидроенергетски проекти од кои 37 се во заштитени подрачја како национални паркови, Натура 2000 зони или подрачја со висок степен на биодиверзитет. Најголем финансиер на хидроенергетски проекти на Балканот е Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддржани  61 хидроенергетски проект со 126 милиони евра, од кои 29 се во заштитени подрачја.

Како дел од заедничката кампања „Спаси го синото срце на Европа“ во која се вклучени повеќе организации од Југоисточна Европа со цел подигнување на свеста и информирање на јавноста за она што би значела трајната загуба на овие реки, снимен е и краток документарен филм, а е поокренато и потпишување петиција за спречување на хидроенергетските проекти.

Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер