06 Декември, 2025
0.0372

Зошто жените ги игнорираат симпомите на инфаркт?

Објавено во: Стил 31 Октомври, 2014 17:25

Добивај вести на Viber

Болестите на срцето се водечки причини за смрт кај жените, меѓутоа и понатаму жените ги порекнуваат болестите на срцето и заминуваат да бараат медицинска помош.

Лекарите велат дека ова е „опасна игра“ која може да доведе до серизони здравствени компликации.

Иако сиптомите на инфаркт се слични кај двата пола, начинот на кој луѓето ги перцепираат сиптомите и моментот во кој бараат помош може значајно да варира.

Жените се сколни кон тоа да веруваат дека се под помал ризик за болести на срцето од мажите, што ги доведува до влошување на состојбата, тврдат научници од Хардвардската школа за медицина.

„Главната опасност е некој да дојде во болница со сериозни и поодминати стадиуми на болести на срцето и вие имате и помалку опции кога е во прашње лечењето“, вели епидемиологот др. Кетрин Креатсулс.

Таа со колегите спровела истражување над пациентите на кои се сомнева за коронарна болест на срцето и кои треба да одат на прво снимање на крвните садови.

Ангината е знак дека органот не добива доволно крв и кислород, поради што настанува пристисок во градите или чуство на печење, кое е предупредувачки знак за ризик од срцев удар.

Истражувачите одредиле шест карактеристични фази на транзиција од првиот сиптом на болеста на срцето, како што е ангината, од првото заминување кај лекар:

-период на несигурност и препишување на сиптоми на друга здравствена состојба

-порекнување на сиптомите

-барање помош од пријател или член на семејството

-признавање на тежината на сиптомите со чуство на пораз

-барање медицинска помош

-прифаќање на состојбата

Жените поминуваат повеќе време во порекнување на сиптомите отколку мажите.

Зошто е тоа така?

Истражувачите велат дека на жените приоритет им е грижат за другите и се фокусираат на помош на другите отколку на своја благосостојба, а болеста на срцето ја сметаат за машка болест, пишува Хафингтон пост.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: