Зошто златото е најжешката инвестиција за 2016 година?
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2016 10:53
Златото поскапе за 15% од почетокот на годината и е најдобра претставена суровина на финансиските пазари. Инвеститорите се обложуваат на благородните метали, за да ги заштитат своите паричници од падот на цените на акциите и од распродажба на нафта и на индустриските суровини.
Стравот секогаш бил добар мотор за цената на златото и овој пат не е исклучок од правилото, сметаат експертите.
Индексот DAX 30 на водечките германски акции загуби 30% од вредноста за последната една година и дури по силниот пораст во последните две недели е четвртина подолу од врвот.
Американскиот пазар не регистрира таков силен пад, иако инвеститорите се исклучително негативни во моментов. Падот на акциите од почетокот на годината е многу сличен на корекцијата на развиените пазари, која се набљудуваше во август-септември.
Тогаш сепак немаше толку воочливо покачување на цената на златото, иако причините за продажба на акции беа слични.
Поскапувањето на златото - криза или добра вест?
Не верувам дека растот на металите е сигнал за финансиска и акциска криза. „LIBOR-OIS“ кој го покажува кредитниот ризик во банкарскиот сектор, се зголеми, но не повеќе отколку што беше во 2011-2012 година. На кредитните пазари нема предуслови за сериозна криза. Тоа сугерира дека златото не само што е осигурување на инвеститорите кон зголемените ризици на берзите, но и најверојатно започнува долгорочен пораст по речиси четири години на пад.
Графиката на златото е исклучително интересна во моментов.
Цената го совлада клучното ниво од 1 200 долари за унца и се задржува над него по првичниот пад кој се одразува на повлекувањето на добивки од попретпазливи шпекуланти. Ова движење нагоре ја отфрли можноста дека пазарот на злато нема да биде интересен за инвеститорите додека продолжува падот на нафтата и додека нема инфлација.
Такви беа очекувањата на експерти во почетокот на годината, базирани на претставувањето на златото во текот на корекцијата во август-септември и на прогнозата за нула или мал раст на берзите во 2016 година.
Како може да се инвестира во злато оваа година?
Шпекулативната стратегија во моментов треба да следи две важни нивоа - 1 200 и 1 250 долари. Пад под првото ниво значи дека паниката на берзите е завршена и инвеститорите ги повлекле добивките од силното движење на златото. Пробивот под 1 200 долари може брзо да се забрза од запирањето на позиции кои се отворени во последната недела. Индикаторот „RSI“ е на многу високо ниво и е знак за претстојното смирување на трговијата и дури формиран краток врв. 1 250 долари е горната граница на опаѓачки канал и пробив над него исто така ќе доведе до силно и значајно движење, како знак за почетокот на биков пазар. Треба да видиме дали импулсот на пазарот ќе се задржи.
Што да прават долгорочните инвеститори?
Долгорочните инвеститори е подобро да се ориентираат кон берзански тргувачки фондови (ETF) на акции од рударството. Но тука има еден нијанса: тие не се помалку ризични од динамичната цена на златото во моментов и исто зависат во голема мера од краткорочните движења на металите. Фондовите сепак се речиси три пати поевтини во однос на цената на златото во споредба со крајот на 2010 година, мерено преку соодносот злато / GDX (берзански тргувачки фонд, кој ги држи во паричник акциите на најголемите производители на злато). А тогаш цената на златото беше 1 420 долари за унца. Потенцијалот на акциите е многу поголем од можностите што дава го зголемувањето само на цената на златото.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




