16 Мај, 2024
0.0329

30. САЕМ НА КНИГАТА – МНОГУ ПРОМОЦИИ, НАСТАНИ И НОВИ ИЗДАНИЈА

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2018

Добивај вести на Viber

На 30. јубилејно издание на Саемот на книгата 2018, кој ќе се одржи од 3-9 мај во ВИП арена Борис Трајковски ќе се претстават 70-тина издавачки куќи од Македонија и од регионот (Србија, Црна Гора, Косово, Албанија). Саемот се организира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.

Скопски саем како организатор на Саемот на книгата 2018, покрај изложбено-продажниот дел на саемот ќе адаптира посебен простор во Халата-Промотивен центар за потребите на издавачките куќи каде секој ден од 3. до 9. мај ќе се одвиваат различни настани, промоции, дружби со автори, семинари. Во рамките на програмата на Промотивниот центар влегува и доделувањето на наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), во сабота на 05.05, во 18.00 часот како и доделувањето на награди организирано од страна на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ), во вторник на 08.05. во 19.00 часот.

Сите кои ќе го посетат Саемот на книгата од 3. до 9. мај ќе можат да ги проследат промоциите кои ги организираат издавачките куќи на своите штандови, но и да ги видат сите нови наслови, како и да набават книги со големи саемски попусти до 70%.

За подобар пристап до Саемот за книгата, на барање на Скопски Саем, ЈСП Скопје воведе две нови автобуски линии во периодот на одржување на саемот од различни краеви на Скопје со број 100/1 и 200/1 кои ќе водат до ВИП Арена “Борис Трајковски”, а влезот за сите групни, организирани посети ученици ќе биде бесплатен. Работното време на саемот е од 10:00 до 20:00. Цената на редовната влезница изнесува 30 денари.

30 години читаме со задоволство


Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!