Адхурим Фазлиу: Верувале или не 5 амбулантни возила за помалку од 15 минути носевме 5 СOVID-19 позитивни или суспектни
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Јуни, 2020
Цели три месеци сум се воздржал од пишување на темата COVID-19, a инаку тие што ме познаваат знаат дека важам за јавен критичар во позитивна смисла на зборот, пишува на Фејсбук, Адхурим Фазлиу, здравствен работник.
„Решив да го напишам оваа, видно потресен од вчерашната слика сликана од возачот на нашата екипа, додека јас и сестрата предававме COVID-19 суспектен пациент во ГОБ "8-ми Септември" во 18:30 часот. Верувале или не 5 амбулантни возила само од ИМП Скопје за помалку од 15 минути носевме 5 СOVID-19 позитивни или суспектни пациенти со температура, треска, отежнато дишење, гушење. За облекувањето скафандери, маски, 2 пара ракавици, визири мислам дека доволно видовте од репортажата на новинарот Фуркан Салиу и преку сликите на новинарката Арбнора Мемети кои јавно ги замолувам да снимаат исти такви прилози и во ИМП СКОПЈЕ првата борбена линија со COVID-19. Ние сме мостот кој ги поврзува COVID-19 позитивните пациенти со болниците пружејќи им нега за основно одржување во живот на заболените, а воедно водејќи сметка за нашето здравје и здравјето на нашите сакани“, наведува тој.
Додава дека јавното здравје е наша заедничка одговорност.
фото Фејсбук
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.