ЦЕНИ ЗА КВАДРАТ И НАД 5.000 ЕВРА: Еве колку чинат и кој купува станови во Белград на вода
Објавено во: Финансии, Балкан 13 Март, 2024
„Сите купуваат станови во Белград на вода, но сега во последните две години доминантни купувачи се луѓето од Србија и околината“, вели Милован Савиќ, директор за продажба на Белград на вода.
„Најчесто српски бизнисмени, вработени во индустрии, ИТ, секој што заработува доволно пари и кој има визија дека најдобрата инвестиција во Србија во моментов е инвестирањето во недвижности“, рече Савиќ.
Савиќ посочува дека дијаспората прва го препознала потенцијалот на Белград на вода и дека луѓето од дијаспората први купиле станови.
Цените за квадрат и натаму се највисоки во Белград, а директорот за продажба за Б92.нет откри како се движат цените на становите во Белград на вода.
„Еве за пример ќе земеме премиум зграда која не е веднаш до реката и нема отворен поглед на реката, но е многу блиску и со поглед на реката, најниската цена беше околу 3.750, а највисоката беше околу 5.200 евра за метар квадратен“, откри тој.
На прашањето дали луѓето купуваат повеќе со готовина или сепак се одлучуваат за заем, Савиќ истакнува:
„Нема многу купувачи на кредит.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.