15 Мај, 2024
0.0352

Деца.мк – нов портал за најмилите

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Од денес почнува со работа специјализираниот интернет-портал за родители и деца - Деца.мк  (www.deca.mk). Го стартуваме токму на денот кога ја одбележуваме седумгодишнината од отворањето на порталот Факултети.мк (www.fakulteti.mk) бидејќи нашиот нов производ претставува продолжување на успешната приказна на тимот кој веќе седум години го создава Факултети.мк.


Во Деца.мк отворено ќе зборуваме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат родителите и децата, за современите техники на воспитување и учење и сѐ што е потребно за успешно и одговорно родителство и здраво и среќно детство.


За таа цел, нашиот нов портал соработува со лекари, психолози, социолози, педагози, дефектолози, логопеди и уште многу други професионалци од земјава и надвор од неа, секој докажан во својата област. Тие со своите совети секојдневно ќе се обидуваат да го олеснат секој нов предизвик на нашите читатели поврзан со правилното одгледување и воспитување на децата.


Сето тоа ќе го надополнуваме со животни приказни од нашето секојдневие, со приказните на успешни, талентирани и надарени деца, а во нашиот фокус ќе бидат и ранливите групи на кои им е потребна постојана помош за олеснување на функционирањето и за зголемување на квалитетот на нивниот живот.

Деца.мк има заштитен лик – девојчето Биби, кое го создадовме заедно со илустраторот Тхе Мичо, со детската писателка Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и музичкиот продуцент Бобан Апостолов.

Погледнете ја видеонајавата.




Преку тој лик наскоро со краткометражни анимирани филмови и печатени изданија ќе понудиме многу креативни содржини, интересни и корисни и за родителите и за децата.


Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година