Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) во посета на „Алкалоид“
Објавено во: Мои пари 27 Август, 2025 15:56
Во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, претставници на Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL) остварија работна посета на „Алкалоид“. Целта на посетата, трета од ваков тип, е запознавање на различни тимови млади лидери со условите и со начинот на работа во најуспешните македонски приватни компании.

За време на посетата, гостинската работна група, предводена од алкалоидовиот тим на чело со Генералниот директор и Претседател на УО Живко Мукаетов, имаше можност одблизу да се запознае со постигнатите резултати од работењето, инвестициските проекти кои континуирано ги реализира компанијата низ годините, извозните операции, како и со континуираните проекти за општествена одговорност во корпоративната агенда на „Алкалоид“. Дневниот ред на работната средба опфати и обиколка на компаниските производствени капацитети во сегментот фармација и на Институтот за истражување и развој.

Посебен акцент беше ставен на деловните операции во САД, каде што „Алкалоид“ АД Скопје во 2005 година основаше своја подружница во Њу Олбани, Охајо. Освен пласманите на чаеви од програмата Good Nature и на детска козметика од брендот Becutan, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании со кои има различни форми на соработка, како на пример лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.


Членовите на делегацијата, меѓу кои г. Нејтан Алонзо, г-ѓа Тори Мaри Блу, г-ѓа Кeси Чејмберс Армстронг, г. Томи Чој, г. Тимоти Регланд, г. Едвард Штокхаузен и г-ѓа Џесика Страм, го истакнаа своето задоволство од постигнувањата и од глобалната позиционираност на „Алкалоид“, особено во сегментот на деловните активности на компанијата на американскиот пазар.
Од своето основање во 1966 година, ACYPL, преку бројни програми за размена, им овозможува на своите членови да развијат глобална политичка и бизнис-перспектива и да изградат значајни меѓународни партнерства. Досега, со континуирана поддршка од американскиот Стејт департмент и од бројни партнери, над 9.200 лидери од САД и од уште 137 земји низ светот зеле учество во инспиративните програми за размена на оваа интернационална мрежа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





