Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2025 09:58
Во време кога секојдневните трошоци растат, а планирањето на иднината станува сè поважно, многу луѓе бараат начин да создадат финансиска стабилност без големи издвојувања одеднаш. Постепеното месечно вложување е едноставен и проверен пристап: вложувате мала сума, но редовно и ја оставате со тек на време да расте.
НЛБ Фондови го направија овој процес достапен за секого преку програмираните планови, создадени за луѓе кои сакаат практичен, автоматизиран и ненаметлив начин за вложување.
Како функционира постепеното вложување?
Кога секој месец издвојувате фиксна сума (на пример 2.000 или 3.000 денари), тие средства автоматски се вложуваат во инвестициски фонд кој инвестира во компании што ги користиме секој ден: Apple, Microsoft, Amazon, Nvidia и други глобални лидери.
Со секоја уплата купувате нови удели. Со тек на време, тие се зголемуваат како резултат на растот на пазарите и редовноста на уплатите. На тој начин, за период од неколку години можете да постигнете резултат што тешко би го оствариле со класично штедење.
Професионалните аналитичари го прават изборот на компании, па не е потребно вие да ги следите берзите или финансиските вести.

Секојдневни примери што го објаснуваат принципот
Иако често инвестирањето се смета за комплексно, суштината на постепеното вложување е многу едноставна. Тоа веќе постои во нашите навики. Секој месец плаќате интернет, телефон, струја. Без размислување, без страв дали ќе ви „се исплати“. Тие се фиксни трошоци кои долгорочно ви го подобруваат животот.
Сега замислете дека еден од тие „трошоци“ работи за вас.
Пазарот расте? Купувате помалку, но добивате повисока вредност на постоечките удели.
Пазарот паѓа? Купувате повеќе удели за истата сума.
Резултатите не доаѓаат веднаш, но со упорност доаѓа вистинската промена.
Принципот е следниов:
РЕДОВНИ УПЛАТИ + ВРЕМЕ = ВИДЛИВ РЕЗУЛТАТ
Како изгледа во бројки?
Да земеме практичен пример:
3.000 денари месечно × 10 години, со претпоставен годишен принос од 8%.
Вкупно уплатено:
360.000 денари
Очекувана вредност по 10 години:
приближно 549.000 денари
Очекуван раст:
околу 189.000 денари
Ова е информативна симулација, со методологија идентична на инвестицискиот калкулатор на НЛБ Фондови. Симулацијата НЕ претставува гарантиран принос во наведениот периодот.
Зошто се практични програмираните планови?
1. Почнувате со мала сума
Дури и 1.000 денари месечно се доволни за да се стартува.
2. Автоматизирано вложување
Со траен налог, вложувате редовно без да размислувате секој месец.
3. Флексибилност во секое време
Може да ја паузирате уплатата, да ја промените сумата или да преминете во друг фонд.
4. Вложувате со цел
Некои издвојуваат средства за деца, некои за пензија или за остварување на лични соништа.
5. Потенцијал за повисок долгогодишен принос
Историски, акциските фондови носат повисок раст од традиционалното штедење (иако со поголеми краткорочни осцилации).
За кого се наменети програмираните планови?
⦁Родители кои сакаат да создадат стабилна иднина за детето – образование, спорт, курсеви или први самостојни чекори.
⦁Луѓе што сакаат да уживаат во пензионерските денови.
⦁Секој поединец кој има лична цел – дом, автомобил, патување, сопствен проект – и сака постепено да се приближува до неа.
Едноставност што носи резултати
Постепеното вложување е создадено за сите – не само за луѓе со високи приходи.
Не бара големи издвојувања, не бара следење на пазарот и не бара посебно знаење.
Бара само континуитет. А одлуките што се носат денес, често се оние што ја менуваат иднината.
Започнете денес и создадете ја вашата приказна за успех
Со овој калкулатор, изработете план што ќе ви помогне да ги остварите своите соништа:
Преземи бесплатен план
https://nlb-fondovi-moi-sonista.mk/
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker





