АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2025 14:54
Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) вчера го одржа своето 25-то Генерално собрание, прославувајќи значаен јубилеј - четврт век работа во поддршка на развојот на домашната економија, подобрување на деловното опкружување и јакнење на партнерствата со институциите и регионалната бизнис заедница.

Настанот го отвори извршната директорка на АмЧам, Јелена Арсовска која испрати јасна порака за зрелоста и позицијата на АмЧам како еден од водечките гласови на деловната заедница. Таа истакна дека 2025 беше година на интензивна работа, продлабочени партнерства и силен дијалог со институциите - процеси што го зајакнуваат патот кон одржливо и предвидливо економско опкружување.

Пригоден говор одржа Иван Костиќ, Претседател на Одборот на Директори, кој ја истакна трансформацијата на АмЧам во изминатите 25 години, од бизнис асоцијација до кредибилен реформски партнер кој го поддржува креирањето на фер, транспарентно и конкурентно пазарно опкружување. „Овој јубилеј е потврда на континуитетот, визијата и заедништвото со кое ја градиме економијата и заедницата што сите ја посакуваме“, истакна Костиќ, повикувајќи ги компаниите да продолжат активно да придонесуваат кон поконкурентно и европски ориентирано деловно опкружување. Свое поздравно обраќање на настанот имаше и Дејвид Мајерс, вршител на должноста заменик-шеф на мисија во Амбасадата на САД во Скопје.

Во рамки на работниот дел, членките на АмЧам ги усвоија годишните извештаи, ревизорскиот извештај и го потврдија приемот на нови компании-членки. Потоа, согласно статутарните правила, продолжи процесот на гласање за избор на членови на Одборот на Директори каде мандатот им беше доделен на Живко Мукаетов (Алкалоид), Огњен Лазиќ (Пивара Скопје), Драган Давитков (PwC), Александра Ивановска (Рош) и Костас Николау (Титан Усје).
По завршувањето на официјалниот дел, АмЧам организираше посебен јубилеен прием на кој присуствуваа и институционални партнери, меѓународни организации, дипломатски претставници и компании-членки. Настанот ја истакна улогата на АмЧам како платформа што ги спојува приватниот и јавниот сектор, гради партнерства и иницира структурни реформи.
ПР Објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници
Од нестандардни депонии до зелени површини: Почиста иднина за Источниот и Североисточниот регион





