27 Март, 2025
0.0417

„ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ НЕ БИЛА ПЛОМБИРАНА, ИЗРЕЧЕНА Е КАЗНА ЗА ПРЕКРШОК“: УЈП соопшти и други детали

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 14:44

Добивај вести на Viber

Од УЈП денеска соопштија дека, поради сензитивноста на случајот, трагедијата во Кочани и во интерес на истрагата, нема да објавуваат дополнителни информации кои би можеле да влијаат на процесот. Истовремено, демантираат шпекулации во јавноста и информации кои, како што велат, не биле потврдени од нивна страна. УЈП појаснува дека дискотеката „Пулс“ не била „пломбирана“ во декември 2024 година, туку ѝ била изречена казна за прекршок. Дополнително, нагласуваат дека блокирањето на сметки и привремената забрана за работа се различни мерки, кои се спроведуваат согласно различни закони.

Во продолжение, го објавуваме во целост соопштението од УЈП: 

Со длабока згрозеност го примивме овој трагичен настан и се приклучуваме кон сочувството и поддршката за сите погодени. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите и закрепнување на повредените.

Поради сензитивноста на случајот, а во интерес на истрагата за овој трагичен настан, Управата за јавни приходи ќе се воздржи од соопштување на информации, со цел на било каков начин да се спречи влијае на истрагата која е во тек.

Управата за јавни приходи соработува со надлежните органи во насока на обезбедување на потребни докази и информации за потребите на истражните и кривичните постапки.

Ја користиме оваа прилика за апел - да не се шпекулира со информации и да не се изнесуваат информации кои не се потврдени од истрагата, вклучувајќи ги и информациите кои произлегуваат од законските надлежности на УЈП, имајќи предвид дека целокупната јавност е потресена од овој трагичен настан.

Би ги демантирале шпекулациите во јавноста во насока на обиди за политизација, како и пласираните информации од некои медиуми, а кои во ниту еден момент не се побарани да бидат потврдени од УЈП, ниту се дадени од УЈП. Не се точни информациите дека во декември 2024 година дискотеката „Пулс“ била “пломбирана“ од УЈП, но она што можеме да го потврдиме е дека за овој објект е изречена казна за сторен прекршок во декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

„Пломбирање“ кое се пласира и за кое се шпекулира во јавноста е извршено кај друг угостителски објект (со друг назив) кој бил предмет на контрола и за кој изречена привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена во периодот јули 2023 година, по претходно извршени контроли од УЈП согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Во рамките на законските надлежности на УЈП, кај должникот обврзник ММММ Кафе ДООЕЛ во неколку наврати во период од крајот на 2022 година се реализирани постапки на извршување на неплатен долг со блокада на сметка и долгот е наплатен, по што сметката по автоматизам се деблокира од банката. Но, од август 2024 година постапките за извршување на долгови, се сеуште активни заради наплата од средства на должникот во банките по повеќе основи (даночни долгови и плати).

Би укажале дека блокирање на сметка, како мерка, согласно законот за даночна постапка, е предвидена во постапка на извршување односно наплата на долг во постапка на присилна наплата која ја спроведува УЈП. Во постапка на присилна наплата на долг согласно Законот за даночна постапка не е предвидена мерка затворање на објект. Блокирањето на сметка како мерка, и привремена забрана за вршење на дејност како мерка, се изрекуваат за различни основи, согласно различни закони и во различни постапки кои ги спроведува УЈП.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ