19 Декември, 2025
0.1367

„Фактор анализа“: Кои се најголеми, а кои најуспешни компании во Охрид?

Објавено во: Економија, Анализа 15 Мај, 2023 14:48

Добивај вести на Viber

Економски мит е фразата дека Охрид е туристички бренд на Македонија. Тоа го покажуваат најновите податоци за економската „крвна слика“ на најубавот македонски град. Во најголемите десет охридски компании ниту една не се занимава со туризам. Исто е и со најуспешните, и таму нема ниту една хотелиерска компанија

Дали е Охрид град што живее од туризмот? Древниот центар на словенската писменост низ децениите изгради имиџ на туристички бренд на Македонија. Цркви, манастири, Варош, Потпеш, страотниот поглед од Канео, универзитетот на Свети Климент, куќата на Робевци, чудесните Трпејца, автокампот Љубаништа, фасцинантните извори на Дрим и безвременскиот Свети Наум, феноменалната тераса на „Инекс Горица“. Охридски бисери, уникатна староградска музика. Ресторанот „Далга“, клубот „Џез Ин“, погледот од Велестово... и уште што не... Но дали Охрид живее од туризам? Не! Во најголемите охридски фирми нема ниту една чија дејност е хотелиерство и угостителство...

Охрид не е туристички град иако има таков имиџ. Ова го потврдуваат фактите кои ги генерира охридската економија, а таа покажува дека Охрид, по оставината од гиганот ЕМО останува град на лесната метална индустрија, а во најголемите фирми места пополнуваат компании за трговија и производство на храна.

На ранг листата на најголеми убедливо предничат филијалата на меѓународната корпорација од автомобилската супортерска индустрија „Костал Македонија“ и охридската ЛТХ Леарница.

Костал Македонија е најголема компанија во охридскиот регион. В0 2022 година оствари приходи од 118,4 милиони евра, но годината за заврши со загуба од 236.000 евра. Костал Македонија лани беше убедливо најголем работодавец во тој регион со 985 вработени.

ЛТХ Леарница е втора најголема орхидска компанија која е дел од словенечката групација „ЛТХ Кастингс доо“ која е специјализирана за леење, обработка и монтажа на комплексни алуминиумски компонентни наменети пред се за глобалната автомобилска индустрија.

Во врска со улогата на туризмот во охридската локална економија издвојуваме дека лани најголема хотелиерска компанија на охридското крајбрежје беше најголемата хотелиерска компанија „Хотели Метропол“ со вкупен приход од 2,8 милиони евра и добивка од 90.000 евра.



Р.Ф.

Податоците се од ЦРМ.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии