19 Јануари, 2025
0.1486

Иницијатива “Избери што сакаш”:

Гласот на граѓаните не е само кругче на гласачко ливче

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

“Избери што сакаш“ е младинска иницијатива која во предизборниот период ги едуцира граѓаните за  важноста и моќта  на нивниот глас на изборите, да знаат дека токму нивниот глас може да биде одлучувачки пресврт на настаните и промените. Кампањата која се реализира во предизборниот период преку јавни дискусии и трибини низ повеќе градови во земјава велат треба да ја покрене граѓанската  свест за избирачките права.

“За да ни се случат промените, за да се создаде подлога врз која ќе може да се работи и да се промени отсуството на основни човекови права, непочитувањето на Уставот, понижувањето на трудот, важно е граѓаните да дозволат да им се помогне. Важно е тие да се едуцираат, да осознаваат и логички да размислуваат. Значајно кон подобрување на ситуацијата би било и кога ќе успееме да им ги доближиме проблемите како БДП, јавен долг, прислушување и сликовито да им прикажеме како и зошто тоа влијае на сите. Поголемиот дел од граѓаните не го сфаќаат уделот, кој овие проблеми го имаат за сите нас. За да дојдеме до било каква шанса за промена, кога ќе избираме  следниот месец, треба да знаеме дека избираме за себе, избираме за нашите родители и иселени другари, избираме за 10  генерации од сега. Избираме дали ќе имаме пензија, дали сиромаштијата ќе се намалува, дали луѓе ќе умираат, а никој нема да одговара. Кога ќе сфатиме дека нашиот глас не е само крукче на гласачко ливче, тогаш ќе бидеме спремни да го промениме менталитетот на сограѓаните и да тргнеме напред”- вели Александра Филипова, координатор на иницијативата “Избери што сакаш”.

Концептот за  кампањата  се создал  откако дел од граѓанските организации  утврдиле  дека постојат многу луѓе што не гласале до сега, првпат ќе гласаат,а  велат постојат луѓе што не  ги знаат гласачките права, па дури и митови дека може да се дознае како гласаш. Дел од нив како што велат од иницијативата  се запознаени со гласачките права, но сепак кај повеќето преовладува стравот  од притисоци и закани и затоа често е дозволувале  правата да им бидат прекршени. Дел од  граѓаните како што вели  знаат да ги препознаат  злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели,  заканите и заплашувањата за остварување на избирачкото право, но не смеат да молчат пред нив. 

“Дел знаат, а дел не знаат. Во изминативе години активно се работеше да се оддели државата од граѓаните, да се покаже дека државата не се граѓаните, туку политичарите. Тоа успешно се спроведе. Луѓето веќе не можат ни да препознаат што е јавен ресурс и државна сопственост, а што е на партијата, бидејќи за жал, во Македонија, партијата и државата се едно исто. Токму затоа е тешко да се препознае злоупотреба, заканување и заплашување, бидејќи нема дисктинција што е што. Големо е и разочарувањето на луѓето, особено младите, дека немаат како институционално да делуваат, дури и да сакаат да пријават нерегуларност, злоупотреба”- нагласува координаторката на иницијативата Избери што сакаш.

Секој глас според неа е од особена важност и  особено сега. Со оглед на тоа дека во светот постојат неколку изборни циклуси, каде буквално одлучил само еден глас,вели граѓаните  треба да станат свесни која е моќта на гласот. Поголема активност очекува од младите кои треба да одлучат за својата иднина, да ја градат во својата земја или да се приклучат на армијата млади луѓе кои заминале надвор.

“Не може приоритет да биде поставување лифтови, бањи и спортски сали, додека младите живеат бедно, на грбот на родителите, бабите и дедовците. Искрено, ова ќе се надмине само со соработка, но во никој случај соработка со моменталаната гарнитура која константно врши притисоци на младите, на годишно ниво им праќа ЕБР за да им демонстрира за што е способна, и на хартија става бенефиции за млади кои кога ќе  ги побараш не важат”- додава Филипова.

Почитувањето на законите, враќање на редот и довербата во институциите според граѓанските активисти може да се случи само со знаење. А тоа како што велат со години продуцира квантитет наместо  квалитет што предизвика реакцијата на целата општествена, научна и стручна јавност. Нивните интересирања и коментари за реформите на политичкиот, општествениот и воспитно-образовниот систем се многу чувствителни теми и затоа  градењето на политики треба да се базира на цврсти темели и промените треба да се работат во подолг временски период за потребите на сегашните генерации, но и да се има визија за идните, бидејќи непромислените чекори  и евентуални промашувања можат да направат тешки и несогледливи последици на општеството во целина но и на секој негов член.

“Тоа што успешно се прави изминативе неколку години е што преку образованието  се индоктринират луѓе. Образованието е сведено на најниско можно ниво, квалитет нема, се учат небулози, се даваат задачи и примери кои се дискриминаторни. Најпрво треба да се промени ова, да се создаде квалитет. Образованието треба да се промени и да стане процес во кој младите се учат да размислуваат, да прашуваат, да критикуваат, а не обратното. Кога образованието ќе почне да ги продуцира овие вториве, односно кога образованието ќе почне да ги остава луѓето да си го кажат своето мислење без тоа да биде етикетирано како погрешно, ќе имаме хомогена маса која и покрај различните мислења, научила што е владеење на правото, што се јавни ресурси, што е држава  а што партија, што е политика а што политичка партија. Токму ваква маса на луѓе, ќе доведе до подобрување на состојбите и разобличување на криминалите” – смета  Филипова.

Добивање казна за секое сторено дело кое е спротивно од законите според неа е уште еден почеток кој понатаму ќе доведе до владеење на правото, слободно изразување и право на глас. Казна за злоупотреба, закана, вршење притисок, вели мора да има за да  придонесат кон разобличување и спречување на несистематското делување.

“Институциите да станат отворени за граѓаните, да станат пристојни и да почнат да си ја работат работата  според правилници за начини на работа, согласно со законите во Македонија, а не како сакаат. Важно е и при креирањето на политиките што ќе ги направи било која институиција, сите засегнати страни да бидат вклучени и да имаат можност да бидат дел од креирањето, но не само како демократски декор, туку вистински. Доколку ова почне да се спроведува, и доколку институциите навистина работат согласно прописите и законите, мислам дека ќе бидеме на добар пат”- потенцира Филипова.

Граѓанската иницијатива “Избери што сакаш”  ќе спроведува дебати во повеќе градови. На 8-ми ноември ќе бидат  во Штип, на 10-ти во  Куманово. Дополнително велат ќе утврдат  уште четири  града во кои ќе се случат и перформанси и едукативни видеа за значењето на избирачкиот глас  бидејќи како што вели Александра Филипова на 11-ти декември не се гласа за партија, туку се гласа дали граѓаните ќе си дадат  шанса за опстојување, за достоинствен живот.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем