Кои се најуспешните компании во Кавадарци?
Објавено во: Економија 10 Јули, 2020
Еуроникел Индустри (поранешен ФЕНИ) го врати приматот на економски мотор на Тиквешијата. Тука е и ИГМ и Дрекслмајер, а има силни трговски, рударски и градежни фирми. Сепак најголеми профити (во однос на остварените приходи лани) направиле две транспортни компании, еден лозарски комбинат и приватна специјалистичка болница
Тиквеш е уникатен регион прочуен по виното, серенадите и гостопримливоста на неговите жители со бодар дух. А поголемиот од двата града во Тиквешијата е уникатен по својата економска поставеност. Град во чиј бизнис сектор доминираат рударството, машинската и металната индустрија, но има и силни претприемачи во производството, градежништвото и во трговијата. Генерално Кавадарци има силна економија во споредба со други дури и поголеми градови во Македонија. Верувале или не иако најголемите компании се од рударството, металопреработката и супортери на автоиндустријата најпрофитабилни меѓу најголемите се две транспортни компании, една здравствена и еден комбинат за лозаро-овоштарство.
Еуро Никел Индустри или поранешен ФЕНИ, единствената топилница за никел во земјава, е се враќа на пиедесталот најголем каварадечка фирма според остварените приходи. По постот во 2018 година заради трансформацијата од лани со нови сопственици: странската компанија Глобал Спешл Опортунитис ЛТД и домашната компанија Еуроникел ДОО. Приходите на „Еуро Никел Индустри“ лани достигнале 169,5 милиони евра, а профитот изнесувал 10,5 милиони евра. Во апсолутен износ тоа е убедливо најголемиот профит од сите тиквешки компании.
Очекувано втор најголем е ИГМ Трејд семејната компанија на Илија и Васка Гечеви –една од најголемите македонски индустрии за производство на челични производи. Приходите лани иако бележат пад во однос на 2018 година изнесуваат солидни 109,4 милиони евра. Профитот е 6,3 милиони евра и е осетно помал од претходната година кога бил повисок за 43 отсто.
Трета е странската инвестиција која вработува најмногу работници во Тиквешијата Дрекслмајер компанија специјализирана за изработка на електрична опрема за возила која извезува за светски автомобилски гиганти. Лани нејзините приходи и профит паднале за по 2 отсто. Приходот изнесува 66,5 милиони евра, а профитот е 3 милиони евра.
Во големата петорка кавадаречки компании се уште големиот светски тутунскиот производител Алајанс Уан и кавадаречката компанија за трговија со горива Црна Река Петрол. Тутунскиот гигант лани има приход од 45,9 милиони евра и профит од 2,2 милиони евра. Приходот лани паднал за 8 отсто, а добивката за 22 отсто. Компанија на Лазар Мицев која се заминава со трговија на големо со горива лани остварила профит од 694.000 евра и тоа е за 5 отсто подобро од 2018 година. Приходот изнесувал 48,6 милиони евра и е поголем за 5 отсто од претходната година.
Најголемата кавадаречка компанија за трговија со месо и месни производи лани имала солидна година. Слога Пром остварила приход од 20 милиони евра што е за 14 отсто подобар резултат. Добивката изнесува 713.000 евра и е два и пол пати поголема од 2018 година. Сопственик на оваа фирма е Зоран Јованов.
Машино коп е компанијата регистрирана за останато рударство и вадење камења. Компанијата на Лазар Пончев лани остварила фантастичен раст на приходите кои се поголеми за 6 пати во однос на 2018 година. И тоа кореспондира со рестартот на „Фени“. Профитот на друштвото е 2,5 милиони евра и тоа е една од најуспешните кавадаречки компании зашто 14,5 отсто од приходот останува како чиста добивка.
Во групата поголеми од 10 милиони се уште „Кожувчанка“ и „Градба Промет“. Компанијата во која ко-сопственик е градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев со неговата сестра Јанинка лани остварила приход од 12,5 милиони евра што е во ранг на резултатот од 2018 година. Профитот е 474.000 евра и е понизок за 10 отсто од претходната година. Градежната кавадаречка компанија „Градба Промет“ лани имала особена година. Приходот пораснал за 25 отсто и достигнал 11 милиони евра, а добивката на Драган Тодоров, Никола Ќимов и Благој Наумов изнеусва половина милион евра и е за 43 отсто повисока од претходната година.
Систина Нефроплус е единствена здравствена приватна компанија во најголемите кавадаречки фирми и воедно е втора најпрофитабилна. Нејзиниот приход лани изнесува 7,6 милиони евра, а профитот е 1,7 милиони евра и е за 14 отсто повисок од 2018 година. Профитната маргина на „Систина Нефроплус“ е 22 отсто.
Најпрофитабилна кавадаречка компанија за лани е „Екстра 03“ сопственост на Николина Панчева. Оваа компанија се занимава со патнички транспорт. Единствена е по профитната маргина која надминува 30 отсто од приходите. Лани друштвото остварило приход од 3,9 милиони евра и профит од 1,24 милиони евра.
Друга голема транспортна и високопрофитабилна компанија е „Анел – Маг 97“ регистрирана за товарен патен транспорт, сопственост на Драги Иванов. Ова друштво лани остварило приход од 2,6 милиони евра што е за 95 отсто повеќе од 2018 година. Профитот е зголемен три пати и изнесува 526.000 евра, а профитната маргина е 20 отсто.
Солиден профит лани оствари и ГД Тиквеш земјоделски комбинат специјализиран за одгледување грозје. Нивниот приход лани изнесува 3,7 милиони евра, добивката е 474.000 евра која и покрај падот од 10 отсто создава профитна маргина од 21 отсто.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.