Кој го купи мега атрактивниот имот на „Технометал Вардар“ на улица „Македонија“?
Објавено во: Економија 08 Јули, 2020 06:59
Позната скопска еснафска и богата фамилија од албанско етничко потекло е новиот сопственик на најголем дел од деловниот простор на „Технометал Вардар во стечај“.
Една од трите најголеми банки во земјава дала одобрение за продажба на илјадници квадратни метри деловен простор на на најпрестижната скопска улица „Македонија“, дознава „Фактор“ од банкарски извори.
Иако засега никој не ја потврдува официјално оваа информација станува збор за продажба на најголем дел од вкупниот деловен простор на поранешниот трговски гигант „Технометал Вардар“ (поточно деловната зграда на компанијата на завзема речиси половина од десната страна на улицата „Македонија“ во правец на Старата железничка станица).
Дознаваме дека купувач на имотот на „Технометал Вардар во стечај“ е сопственик на елитен хотел во Старата скопска чаршија и дека станува збор за голема фамилија познати златари од албанско етничко потекло.
Засега нема детали за тоа колку е продаден имотот или пак истата банка кај која била хипотеката врз имотот на „Техниметал Вардар“ сега ќе отвори нова кредитна партија на друго правно лице со нова хипотека односно залог врз друг неоптоварен имот што го поседува новиот купувач.
Како што веќе пишувавме некогашниот алфа и омега на македонскиот увоз и извоз, мастодонт на трговијата и извозот на најценетите македонски стоки од кој произлегоа мноштво успешни и помалку успешни бизнисмени е во клиничка смрт.
„Технометал Вардар“ е компанија за која е отворена стечајна постапка која беше иницирана од членовите на органите на управува што само по себе укажува во каква состојба била компанијата и дека немало перспектива за избегнување на најцрното сценарио.
Акцијата на „Технометал Вардар“ е симната од тргување на Македонската берза, а компнијата воопшто не е во листингот на компании кои се објавуваат во регистрите на компании чии акции се тргуваат на Македонската берза за хартии од вредност. Воедно „Технометал Вардар“ повеќе не е дел од базата податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност.
Технометал-Вардар“ е компанија специјализирана за трговија која во минатото беше синоним за македонскиот извоз. Во осумдесетите години од минатиот век оваа фирма настана со фузија на компаниите „Технометал“ и „Вардар“. „Технометал Вардар“ е позната по тоа што поседува или поседуваше околу 8.500 квадратни метри во строгиот центар на Скопје и го издаваше под наем (објектот е на улица „Македонија“. Воедно оваа компанија поседува и дворно место од 1.250 квадратни метри во центарот на Скопје и уште 1.243 квадратни метри под објект.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




