Колку чини животот: Како одработеа приватните болници и лабораториите во корона година?
Објавено во: Економија 28 Мај, 2021
И тие што забележуваат дека направиле многу пари забораваат дека здравјето нема цена, животот е бесценет, а парите се само средство.
Лани најголемите приватни болници во земјава спасија многу животи. Тие беа инстанците во кои се бараше спас,тие се бореа за секој живот. Се справија со најголемиот удар на корона вирусот и реално го понесоа големиот товар, а и имаа резултати. Исцрпувачка работа без престан, борба за секој ден, имаше загуби, но и имаше и многу радост. Тоа е ноторен факт. На висина на задачата беа и лабораториите кои имаа рапидно зголемен обем на работа во корона услови.
Корона кризата во целост го измести начинот на нашето живеење, а дијаметрално го смени и фокусот и ги размести нашите приоритети. Здравјето дојде на прво место и не се бираа средства за да се зачува здравјето, да се спаси живот на најмилиот и на најблиските. Најголемиот товар лани го понесоа државната инфективна клиника и приватните болници во земјава. Тие беа први на браникот на одбрана од пандемијата и спасија многу животи. Во овие услови се докажа дека треба да сме горди затоа што во земјава имаме високо профилирани стручни медицински лица и солидно организирани болнички установи. И да ги имаме што повеќе!
Минатата година доминантно место во фокусот на јавноста и во економијата имаа здравствените установи. „Фактор“ направи споредбена анализа од расположливите финансиски податоци за работата на приватните болници и дијагностички лаборатории во вонредната година која беше во целосна доминација на здравствената пандемија предизвикана од корона кризата.
Најголема приватна здравствена компанија во Македонија лани беше Аџибадем Систина која хоспитализираше многу ковид пациенти покрај своите други редовни здравствени сервис. Лано оваа компанија во мешовита сопственост оствари приход од 41,3 милиони евра и тоа е за 6 отсто повеќе од претходната година. Добивката на овој клинички центар лани изнесува 5,9 милиони евра што е за 89 отсто подобар резултат од претходната година. Оваа компанија е во ко-сопственост на турската медицинска компанија „Аџибадем Саглик Џизметлери Тиџарети“, домашната компанија Орка Холдинг и на Нина Пијадова – Мирковска.
Заедно со „Аџибадем Систина„ најголемиот товар на корона кризата го понесе и приватната клиника Жан Митрев сопственост на македонскиот медицински бренд со светско реноме кардиохирургот Жан Митрев. Оваа болница со своите иновативни методи успеа да помогне на многу лица кои се бореа со чудовиштето КОВИД 19. Клиниката „Жан Митрев“ лани годината ја заврши со приход од 27,7 милиони евра. Нејзината добивка лани расте (процентуално) слично како и кај „Аџибадем Систина“ и изнесува 8,1 милиони евра што е 100 отсто повеќе од претходната година. „Жан Митрев“ за разлика од „Аџибадем Систина“ има многу повисока профитна маргина.
Лабораториите не дигнаа глава од работа!
Корона кризата донесе фантастични финансиски резултати за дијагностичките лаборатории. Резултатите за лани, кои се резултат на огромната побарувачка на тие здравствени услуги, се импозантни и веројатно нема да се повторат.
Но има и такви кои не можеа да дигнат глава од работа! А работеа макотрпно и организирано за да излезат во пресрет на зголеманата специфична побарувачка за услуги. Бизнисот со лабораториите за дијагностика глобално гледано лани одлично „сурфаше на мега бранот што го направи корона кризата“. На нашиот слободен пазар на медицински услуги лани се издвоија три најголеми играчи ( во оваа прилика нотираме дека во анализата не се опфатени лабораториите на најголемите приватни клиники кои работат во состав на тие компании) а тие се: „„Авицена Лабораторија“, „Биотек Лабораторија“ и „Син лаб“.
Убедливо најголем играч на домашниот пазар на дијагностички – лабораториски услуги лани беше „Авицена Лабораторија“. Ова друштво, чии сопственици се Ѓорги, Емил и Александар Нацка, лани го зголеми приходот за 105 отсто во споредба со 2019 година. Минатата година нејзините приходи од продажба на услуги изнесуваше 4,6 милиони евра. Уште поекспресивна е разликата кај добивката. Лани „Авицена лабораторија“ имаше профит од 1,6 милиони евра што е 9 пати повеќе од 2019 година.
Другите две големи компании кои нудат вакви услуги на слободен пазар си конкурираат за пазарно учество. Лани поголем приход остварила „Биотек Лабораторија“ со реализација од 2,81 милиони евра што е за пет пати повеќе од претходната година. Добивката на ова друштво, семеен бизнис на Дејан и Мартин Синадинови и Анкица Синадинова – Базерко во 2020 година изнесува 1,58 милиони евра, а овој резултат е за 77 пати подобар од профитот остварен во 2019 година.
„Синлаб“ е скопска лабораторија во мешовита домашно-странска сопственост. Лани оваа компанија остварила приход од 2,48 милиони евра и тоа е за 33 отсто повеќе од претходно. Добивката лани пораснала за 4,6 пати и изнесува 433.000 евра. Партнери во оваа компанија се Маја Тодоровска и „Синлаб ервалтунгс унд Бетај Лигунс“.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.