Короната ги набилда профитите на аптеките! Кој направи најмногу пари од продажба на лекови?
Објавено во: Економија 20 Мај, 2021 07:22
Аптекарството е бизнис во кој жените целосно доминираат, а имаше ѕвездена година! Корона кризата беше силен катализатор за раст на приходите и во најголема мерка за солидни печалби на крај на 2020 година.
Аптеките лани имаа фантастична година! Корона кризата значајно ја зголеми продажбата на лекови, суплементи, минерали, витамини и се друго што го продаваат македонските аптеки. Резултатите се евидентни: девет од десетте најголеми и најпрофитабилни аптекарски компании во земјава лани го зголемиле профитот во споредба со 2019 година година. Да почнеме со ред...
Кој игра во македонската премиум аптекарска лига?
И лани ланец аптеки со најголеми приходи од продажба е „Зегин Фарм“ компанија основана од Благој Механџиски – Зегин во која сега сопственици се неговите ќерки Викторија и Христина заедно со Лана Пепиќ. Годинава аптеките на „Зегин Фарм“ оствариле приход во вредност од 49,5 милиони евра што е за 5 отсто повеќе од претходната година. Добивката на друштвото лани книжи значаен раст – достигна 300.000 евра што е за 17 пати повеќе од 2019 година.
Битолски „Еурофарм“ е најголем конкурент на „Зегин фарм“ од аспект на продажба т.е. пазарно учество. Компанијата на Ангелка Белазелкоска лани оствари приход од продажба во износ од 35 милиони евра што е за 20,5 отсто повеќе од претходната година. Профитот е скромен, слично како и во 2019 година и изнесува 2.900 евра.
Најпрофитабилна аптекарска компанија лани е „Моја аптека“ – фирма на сестрите Механџиски (сопственички и на Зегин Фарм н.з.). Ова друштво лани на приходи од 26 милиони евра остварило добивка од 538.000 евра што е 11 пати повеќе од 2019 година. Лани приходот на оваа компанија е зголемен за 25 отсто во споредба со претходната година.
И тука завршува групата на најголеми аптекарски компании. Но следат и други големи учесници на пазарот кои имаат и солидни профити. Меѓу нив се:
„Еликсир“ од Струмица и „Бле – медика“ од Тетово. И двете компании лани имаат добивки во износ од по 237.000 евра. Кај струмичката компанија, сопственост на Марија Стојанов, добивката лани пораснала за 26 отсто и е остварена од приход што изнесувал 2 милиони евра - поголем за 21 отсто од 2019 година. Тетовската аптекарска фирма чија сопственичка е Линдихана Емини лани оствари приход од 2,4 милиони евра што е за 15 отсто повеќе од претходната година. Добивката на ова друштво е поголема за 73 отсто во споредба со 2019 година.
Виа Фарм од Вевчани е една од најпрофитабилните аптеки во земјава. Лани компанијата на Марица Угриновска Батковска остварила приход од 2,4 милиони евра што е за 57 отсто повеќе од претходната година, а профитот бил 193.000 евра што е за 36 отсто подобро од 2019 година.
Скопска Виола лани остварила приход од 4 милиони евра што е за 11 отсто подобар резултат од претходно. Добивката на компанија на Марија Фидановска изнесува 188.000 евра што е 15 пати подобро од 2019 година.
Алпи Фарм е скопско друштво во сопственост на стурмичката компанија „Снежана фарм“. Лани остварила приход од 4,1 милиони евра – 15 отсто повеќе од претходната споредбена година и остварила профит од 175.000 евра што е за 6 отсто подобро.
Скопските аптеки под брендот „Херба“ сопственост на Ерол Али лани оствариле приход од 2,4 милиони евра и остварила раст на добивката за 9 отсто до 163.000 евра.
Во оваа група на најпрофитабилни аптекарски компании е и прилепското друштво Мента Фарм кое има приход од 2,1 милиони евра што е за 30 отсто повеќе од претходно. Добивката на фирмата на Лидија Николоска лани е 100.000 евра и е единствената што книжи пад ( од 23 отсто н.з.)во однос на 2019 година.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




