09 Октомври, 2024
0.0341

Пациентите од североисточниот регион на земјата на едно место ќе ги добиваат сите неопходни здравствени услуги

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателотна Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на отворањето на ново изградениот Ургентен центар во рамки на општата болница во Куманово. Покрај него, на настанот присуствуваа и заменик на Претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки, како и министрите за здравство и за земјоделство, шумарство и водостопанство, д-р Венко Филипче и Трајан Димковски.

Истакнувајќи ја важноста на новиот Ургентен центар, Премиерот Заев подвлече дека сите се единствени кога се во прашање заложбите за подобрување на условите во јавното здравство.   

„Драго ми е што општата болница не собра сите од различни етнички заедници  и од сите  политички партии, затоа што е нешто добро. Ова е направено од парите на граѓаните. Ќе остане трајно добро на кумановци, но и на целиот регион во североисточна Македонија,  којашто  од областа на здравството сите знаеме колку е значајна заради секојдневието на животот на граѓаните, заради  секојдневните потреби и заради тоа што навистина е една од трите најголеми стратешки определби на Владата се здравството, образованието и социјалните дејности“, рече меѓу другото Премиерот Заев.

Во својата изјава за медиумите Премиерот Заев посочи дека во изминатиов период Владата на Република Северна Македонија континуирано инвестира во подобрување на квалитетот на здравствениот систем. Како што додаде Премиерот Заев, оваа година се вложуваат 1,3 милијарди денари за општата болница во Куманово, но и за реконструкцијата на болницата во Кичево.

Истовремено Премиерот Заев посочи дека продолжува изградбата на штипската болница и дека до крајот на годината во употреба ќе биде пуштена болницата во Струмица, како и дека ќе заврши постапката за почеток на изградбата на Клиничкиот центар во Скопје.

„Пораката е пред се до здравствените  работници голем дел од нив се денеска овде, тоа се лекарите, медицинските сестри , болничарите, сите здравствени работници - останете дома , останете во нашата земја. Ние ќе се потрудиме да ги растеме платите, да ги подобруваме условите на вашето работење , заради тоа што прво никаде не е како дома и второ, дефинитивно им требате на граѓаните, заради тоа што Македонија со своите средства ве едуцирала, ве образовала и еве продолжуваме со средства на граѓаните  да ги растеме и платите и приходите коишто треба да бидат  доволна мотивација за сите“, заклучи Премиерот Заев.

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче во својата изјава за медиумите потенцираше дека кумановската болница располага со врвен кадар и додаде дека со новиот Ургентен центар граѓаните ќе добиваат здравствена заштита и услуги на највисоко ниво и дека здравствените работници ќе работат по европски стандарди.

„Во изминатата година и пол се примија огромен број на вработени, како никогаш до сега. Капацитетот на кадарот во оваа болница се зголеми за 10%. Понатаму се дадоа 12 специјализации. Сега младите колеги ќе аплицираат за тие специјализации и две субспецијализации. Како што ветивме, го почнавме и процесот на трансформација на работниот однос. Сите вработени во јавното здравство коишто досега беа на договор на дело, ќе станат вработени на неопределено време“, изјави меѓу другото министерот за здравство, Филипче.

Со отворањето на новиот Ургентен хируршки центар, како што истакна  директорката на општата болница во Куманово, д-р Снежана Захариева, пациентите на едно место ќе ги добиваат сите неопходни здравствени услуги, односно комплетен хируршки, ортопедски и анестезиолошки преглед.

„Овде ќе добијат една комплетна услуга и оние што одат со упат од матичен доктор и оние коишто дошле заради некоја ургентна и живото загрозувачка состојба. Овде ќе имаме една добра екипираност и на медицинскиот кадар, сите ќе бидат на едно место, што дава една подобра можност за меѓусебна комуникација, консултација и решавање и на најтешките случаи. На едно место ќе се врши тријажа на пациенти, оние коишто треба да примаат терапија и да бидат под опсервација, ќе бидат тука – за првпат и дневната болница е на исто место, каде што се амбулантите, оние коишто се полесни случаи ќе добијат совет и препорака за домашно лекување“, рече директорката Захариева.

Во следниот период, како што најави министерот за здравство Филипче, планирано е доопремување на Ургентниот центар со компјутерски томограф и за ултразвучен апарат.


Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл