18 Декември, 2025
0.3188

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2024 14:20

Добивај вести на Viber

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска порача дека Владата е во фаза на интерни разговори за изнаоѓање нови решенија во врска со евроинтеграциите на земјава и надминување на спорот со Бугарија.

Во потенцијалните решенија, според кажувањата на Муртезани, нема да бидат исклучени уставните измени, туку во фокус ќе бидат барања со кои земјава ќе се осигури дека процесот нема да биде предмет на дополнителни блокади.

„Досега немаме финален предлог, меѓутоа и да имаме, нема да брзаме да го објавиме пред да бидат завршени изборите во соседна Бугарија бидејќи сметаме дека, и да имаме најдобар можен план, периодов е неизвесно дали ќе биде прифатен од другата страна. Затоа работиме интензивно на изнаоѓање на решенија и мислам дека ова е правилниот пристап за понатаму“,изјави Муртезани на денешната прес-конференција.

Прашан дали Брисел е изречно против идејата за уставни измени со одложено дејство, како што бараат властите во земјава, Муртезани рече дека таквиот предлог не се гледа со голем оптимизам од страна на Европската Унија, но не се ни отфрла целосно. Во оваа смисла министерот повтори дека треба да се настојува на решенија коишто ќе бидат прифатливи од стратегиските партнери, што, како што рече, зависи од нашата волја за изнаоѓање решение.

„Уставните измени се услов не од Бугарија, туку од 27 земји членки на ЕУ. Тоа е јасно наведено и во заклучоците на Советот. Се обидуваме да го заштитиме процесот после уставните измени. И премиерот во неколку наврати и Владата спомнаа дека не е спорно носењето на уставните измени, меѓутоа сакаме да бидеме сигурни дека процесот понатаму нема да биде повторно предмет на дополнителни блокади“,додаде Муртезани.

Прашан што ќе се случи доколку уставните измени не бидат усвоени до декември годинава, како што бараше коалицијата „Вреди“ од чии редови доаѓа Муртезани, тој вели:

„Дадовме рок од шест месеци како коалиција во кои Владата мора да понуди решение за надминување на кризата. Уште сме во четвртиот месец. Кога ќе стигнеме при крајот ќе видиме какви се можностите и што ќе направиме понатаму.“


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми