ПРЕД ДА ВЛЕЗАТ СИТЕ ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ: “Covid-Free” возови од април ќе сообраќаат во Италија
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Март, 2021
Италија воведува “Covid-Free” возови.
Италијанските железници објавија нова идеја за возови „слободни од коронавирусот“ кои би требало ова лето да сообраќаат до главните италијански туристички дестинации. Патниците и вработените ќе мора да се тестираат пред да влезат во возот. Патниците ќе мора да дојдат еден час порано пред тргнувањето на возот. Овие возови ќе сообраќаат од април.
„Првата рута од тест фазата ќе биде од Рим до Милано, а потоа ќе ги воведеме туристичките дестинации во текот на летото. Тоа ќе биде единствена прилика која ќе им овозможи на патниците да посетат дестинации како Венеција или Фиренца“, изјави Џанфранко Батисти и додаде дека на идејата работат заедно со Црвениот крст и италијанскиот Штаб за цивилна заштита.
Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека поради наглиот пораст на новозаразени лица со коронавирус во Италија, потребна е максимална претпазливост. Земјата ја зафати трет бран на коронавирус. За Велигден Италија ќе биде затворена.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.