Што треба да знаеш па да вложиш 115.000 евра за грст акции во „Макошпед“?
Објавено во: Финансии 08 Февруари, 2018 07:48
Некој или некои инвестира(ат) 115.000 евра во кеш за да купи помалку од 4 отсто од акциите во „Макошпед“. Оваа компанија три години наназад не поделила дивиденда, во континуитет ја губи својата пазарна позиција, вложи над 1 милион евра за помалку од една година во акции на „Фершпед“. Во оваа 2018 година менаџерите очекуваат приходи по сите основи кои се пониски од еден милион евра. Која е логиката да „опрчиш“ 115.000 евра за 4 отсто од акциите во фирма која очекува добивка пред оданочување помала од 10.000 евра???
Во две блок трансакции на почетокот на оваа берзанска седмица беа истргувани вкупно 31.300 акции на шпедицијата „Макошпед“ што преставува вкупно 3,9 отсто од сите акции со право на глас во таа компанија. Сите акции беа тргувани по единствена цена од 226 денари за акција. Во првата трансакција поминаа 12.700 акции, а во втората 18.600 акции.
Овие две трансакции се случуваат во исто време (два-три дневна временска рамка) во која: прво, долгогодишниот прв човек на „Макошпед“ Коста Младеновски се повлекува од функција неизвршен член во Одборот на директори на фирмата и второ „Макошпед“ повторно купува акции во „Фершпед“ и за тоа платил околу 100.000 евра.
Има ли економска логика да вложуваш пари во микро пакет акции во фирма што не дели дивиденда со години и губи пазарна позиција?
На ова прашање индивидуално интимен одговор има секој инвеститор на берзата. Одговорите можат да бидат дијаметрално спротивни врз основа на тоа дали се работи за очекување од вложување економска логика. Ако некој очекува тектонска промена со таа акција или има инсајдерска информација за тоа тогаш би вложил толку пари во акција што со години наназад нема никакви финансиски забележителни резултати. Спротивно на тоа економската логика вели дека е има ризик да купиш акции во фирма која: со години не дели дивиденда, не го зголемува пазарното учество туку се бори да го одржи на некакво статус кво и декларира дека годинава ќе ја заврши со добивка пред оданочување што е помала од 10.000 евра. Но, секој има право да прави што сака со сопствените пари.
Повеќе за параметрите на „Макошпед“ може да прочитате на следниот линк.
Многу е значајно да напоменеме дека е можно денеска или утре да прочитате ценовно-чувствителна информација за промена во акционерската структура во „Макошпед“ доколку еден поголем акционер продал дел од своите акции. Тоа би било токму денеска зашто рокот на порамнување на купопродажбата е Т+3 (денот на трансакција + 3 работни дена).
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





