ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
Објавено во: Финансии 05 Декември, 2025 07:34
Фискалниот совет, независно тело, задолжено за анализи и мислење за фискалните ризици и исполнувањето на Буџетот на државата и фискалната стратегија е во потрага на раководител на сектор за стручна поддршка.
На веб страната на Агенцијата за администрација е објавен огласот согласно Законот за административни службеници, со кој се бара еден државен службеник за споменатото работно место.
Согласно огласот условите кои се бараат од идниот раководите се меѓу вообичаените за вработување во јавна администрација.
Кандидатите, кои сакаат да аплицираат мора да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да немаат забрана на вршење професија, дејност или должност.
Заинтересираните треба да имаат најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Општествени науки или некои од областите економија и бизнис, други општествени науки – организациони науки и управување менаџмент.
Исто така се бараат најмалку пет години работно искуство во струката од
кои најмалку 2 години на раководно работно место во јавен сектор, односно
најмалку 8 години работно искуство во струката од кои најмалку 3 години на
раководно работно место во приватен сектор.
Одбраниот кандидат ќе биде задолжен за решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување.
Од идниот раководител се бараат и посебни квалификации, како познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
Избраниот кандидат ќе работи од понеделник до петок од 8 до 16 часот во денот, а неговата нето плата, или платата која ќе му легнува на сумата ќе достигнува 81.600 денари, што значи трошокот за него ќе биде уште поголем бидејќи треба да се покријат и трошоците за социјално и пензиско осигурување.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во
моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил
креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.
Рокот за пријавување е до 15 декември, а по истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Огласот е објавен и на веб страната на Фискалниот совет, каде може да се види дека стручната служба на ова тело се уште не е формирана.
Фискалниот совет произлезе со Законот за буџети од 2022 година, а негови членови се Абдулменаф Беџети, Марина Трпеска, а од неодамна и професорот Дарко Лазаров.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“
КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување
Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри





