29 Септември, 2024
0.0272

СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА ГОРАТ- Спремни ли сме за летниот пекол, ќе се справиме ли со пожарите- еве што велат надлежните

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Лекари, пожарникари, Црвен крст, сите на готовс. Екстремно високите температури го запалија Скопје.

Предупредувања пристигнуваат од сите страни, но, дали се доволни?

Брзата помош експресно работи, а лекарите веќе предупредија: граѓаните да не носат темна и дебела облека, да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 17 часот, да користат заштитен фактор, да ги заштитат главата и очите, да се пие многу вода, да не се консумира алкохол и да не се внесува тешка и масна храна.

Од Црвениот крст, ги мобилизираа тимовите, па така, деновиве можеше да се видат екипи низ централното градско подрачје како делат вода и даваат препораки за граѓаните што излегле надвор.

Центарот за управување со кризи веќе насекаде евидентира пожари. Досега минимум десетина избувнаа и беа изгаснати, иако, за среќа беа помали.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов истакна дека од трите авиони, еден е подготвен, а другите два се чекаат и се очекува да пристигнат секој момент.

Осврнувајќи се на ресурсите со кои располага државата за гаснење на евентуално големи пожари на територијата, Ангелов оцени дека Македонија е подготвена.

Покрај ертракторите, како што рече Ангелов, имаме на располагање и два армиски хеликоптери. Сепак, овие летала имаат ограничување и во најжешките часови не можат да се користат, бидејќи како што образложи Ангелов, не е безбедна нивната употреба за екипажот. Како што рече тој, државата располага и со хеликоптери кои се во функција, а Ангелов нагласи дека соработката меѓу ЦУК, МВР и Армијата е на највисоко ниво.

Зголемен е и бројот на пожарникарите на ниво на целата држава.

-Генерално имаме 935 професионални пожарникари. Покрај нив, тука се и 110 дозброволни пожарникари – одлични противпожарни друштва со сопствени возила. Имаме храбри пилоти на авионите и хеликоптерите кои летаат над самите пожари. Вкупно 69 навални возила, помали цистерни со сопствени пумпи, полесно подвижни и на потежок терен. 86 цистерни од 6 до 9 тона, имаат сопствени пумпи но често се користат за полнење на наваните возила. Едно хемиско возило. 36 терени возила за гасење на шумски пожари. 56 теренски возила за превоз на пожарникарите – рече Ангелов и додаде дека пожарникарирте се исклучително храбри луѓе.

Моменталната состојба со пожарите во Македонија, Ангелов ја оцени како добра, и барем засега ги немаме, и покрај високите температури, со исклучок на недамнешниот во Штип.

Вели дека напорот да се менаџиираат пожарите на друг начин, дава резултати. Една од причините што нема големи пожари, како што кажа Ангелов, е влажната вегетација. Од друга страна, вели тој, обилните врнежи предизвикаа бујна и висока трева што деновиве веќе е сува, па надлежните очекуваат да постигне голема сувост и да претставува лесно запалив материјал.

Ангелов ги поздрави и граѓаните кои ги почитуваат мерките и упати низа препораки.

-Не треба да се пали оган на отворено и во шума. Задоволството од скара на отворено може да чини многу пари и да загрози многу човечки животи. Пушачите да бидат внимателни, а отпушоците да ги гасат во мало шишие со вода. Да не се користат ниту плински уреди. До сточарите да не ги палат пасиштата за да се ослободат од трњето, оти можат да предизвикааат огромна штета- рече тој.

Ангелов кажа дека во 2020 година штетите од пожарите изнесувале 21 милиони евра, а веќе следната година кога избија големите пожари во Малешевијата и беше прогласена кризна состојба – 38,2 милиони евра. Лани штета изнесувала 2 милиони евра.

Ф.Р.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“