24 Ноември, 2024
0.0329

„Витаминка“ го набилда извозот до 4,3 милиони евра за три месеци: Колку порасна добивката?

Објавено во: Економија 28 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Одличен квартал за прилепска „Витаминка“. Растат приходите од продажба дома, расте извозот и оперативната добивка. Нето добивката за три месеци е над 200.000 евра и тоа е за 54 отсто подобро од истиот период лани!

Најголемата македонска кондиторско-прехранбена индустрија има одличен квартал. Резултатот ќе ги зарадува акционерите, но и ќе даде стимул и за тргувањето на нашата берза затоа што акцијата на „Витаминка“ е материјал за тргување што секој сака да го има во портфолио.

Официјалните податоци на „Витаминка“ покажуваат дека приходите од продажба достигнале 11,5 милиони евра што е за 13 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Расте продажбата дома, расте и извозот!

На домашниот пазар овој реномиран домашен бренд производител за храна и кондиторски продукти продаде стоки во вредност од 7,1 милиони евра што е за 14 отсто повеќе од првите три месеци лани. Извозот до крај на март достигна 4,3 милиони евра и порасна за 421.000 евра односно за 11 отсто.

Оперативните расходи на оваа голема компанија со седиште во Прилеп за првите три месеци изнесуваат 11,4 милиони евра. Најголема расходна ставка се трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат 7,6 милиони евра и се за 20 отсто поголеми од претходниот споредбен период. Втора најголема трошочна ставка се платите и надоместоците за вработените кои изнесуваат 1,5 милиони евра.

Оперативната добивка на „Витаминка“ во првиот квартал изнесува 360.000 евра и во однос на истиот период лани е зголемена за 22 отсто.

Финансиските расходи изнесувале 135.000 евра и се значајно поголеми од финансиските приходи иако бележат намалување од 10 отсто во однос на 2020 година.

По нивното одбивање од оперативната добивка друштвото книжи нето добивка од 202.500 евра за три месеци и тоа е за 54 отсто повеќе од истиот период лани.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“