29 Септември, 2024
0.0263

10 земји со најголеми златни резерви

Објавено во: Анализа 22 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Централните банки купија злато за 118 тони нето во вториот квартал на 2014 година. Ова е раст од 28% на годишна основа, откриваат последните податоци на Светскиот совет за злато. Во мај оваа година Европската централна банка и другите централни банки на Стариот континент го потпишаа четвртиот договор на централните банки за златото. Според договорот финансиските институции велат дека "во овој момент немаат планови да продадат значителни количини на злато". Рокот му е пет години, а почнува да тече од септември 2014 година. Русија ги зголемува остро резервите во споредба со февруари 2014 година, и се качува со две места на листата. Вкупниот износ на златните резерви на глобално ниво изнесува 31 812 тони, покажуваат податоците на Светскиот совет за злато. Кои се десетте земји со најголеми златни резерви? 10 Индија Златни резерви: 557,7 т Дел на златото во општите резерви: 7,3% Се очекува индискиот увоз на злато да се намали за трета година, иако Централната банка на Индија го следи внимателно увозот. Во јуни ги олабави кредитните услови под кои банките можат да наметнат санкции против залог на злато ", ако крајната употреба не е за земјоделски цели". Владата се обидува да го ограничи купувањето на највредниот метал од страна на домаќинствата. Токму увозот на злато се смета за "главниот виновник" за високиот дефицит на тековната сметка на Индија. Гувернерот на централната банка Рагурам Раџа, пак, смета дека земјата може да ги исплати долговите во злато. 9 Холандија Златни резерви: 612,5 т Дел на златото во општите резерви: 54,3% Голем дел од златните резерви на Холандија се чуваат во САД, а помал дел во Канада и Велика Британија. Околу 10% можеби има во Амстердам. Претходно оваа година европската земја побара да ги пренесе своите златни резерви дома. 8 Јапонија Златни резерви: 765,2 т Дел на златото во општите резерви: 2,5% Во 1950 година златните резерви на Јапонија беа само 6 тони. Јапонската централна банка го објави првиот сериозен раст на златните резерви во 1959 година, кога беа купени 169 т за една година. Во 2011 година ЈЦБ го продаде злато за да вложи 20 трилиони јени во економијата, за да ги увери инвеститорите по цунамито и нуклеарната катастрофа. 7 Швајцарија Златни резерви: 1 040 т Дел на златото во општите резерви: 8% Во јули Централната банка на Швајцарија натрупа 17,7 милијарди долари во првото полугодие делумно поради обновување на цените на златото. Во 1997 година банката ја објави својата намера да продаде дел од златните резерви поради тоа дека тие веќе не се употребувале за "спроведување на монетарната политика". Во мај 2000 година Швајцарија почна да продава злато за 1 300 тони од ова количество, кое го смета за непотребно. 6 Кина Златни резерви: 1 054,1 т Делот на златото во општите резерви: 1,1% Во 2013 година, Кина ја надмина Индија како најголем потрошувач на злато. Сепак златото сеуште зазема мал удел во однос на огромните девизни резерви на Кина во износ од 3,7 трилиони долари и е низок во однос на 10% во просек за светот. 5 Русија Златни резерви: 1 094,7 т Делот на златото во општите резерви: 9,7% Русија ги зголемува своите златните резерви од февруари, надминувајќи ја и Швајцарија, и Кина. Во август Централната банка на Русија одлучи да купува уште злато, да се дистанцира од доларот и еврото поради економските санкции наметнати од Запад. За прв пат златните резерви складирани од Централната банка на Русија, надминаа 1 000 т во третиот квартал на 2013 година. 4 Франција Златни резерви: 2 435,4 т Делот на златото во општите резерви: 65,1% Франција продаде 572 тони по силата на вториот Договор на централните банки за златото, а надвор од договорот земјата префрли околу 17 т на Банката за меѓународни порамнувања во крајот на 2004 година за купување на акции на институцијата. По силата на третиот Договор на централните банки за златото Франција не ги обелодени плановите за понатамошна продажба на златни резерви. Централната банка на Франција изјави дека нема да ги намалува златните резерви, бидејќи тие обезбедуваат безбедност, служат за диверзификација и можат да апсорбираат флуктуации во билансот нејзината рамнотежа. 3 Италија Златни резерви: 2 451,8 т Делот на златото во општите резерви: 67% Италија не продаде злато по сила на првите три договори на централните банки, но во 2011 година италијанските банки се обратија кон централната банка со желба да купат злато. Тоа им беше потребно за да го зацврстат билансот пред стрес тестовите на Европската централна банка. 2 Германија Златни резерви: 3 384,2 т Делот на златото во општите резерви: 68,4% Во октомври 2013 година Германија ги намали своите златни резерви. Бундесбанк продава од 6 до 7 тони на Министерството за финансии секоја година. Од 7 септември 2011 година до денес, ги намали за 4,7 т своите резерви. 1 САД Златни резерви: 8 133,5 т Делот на златото во општите резерви: 71,9% Најголемо количество злато САД го поседуваа во 1952 година - 20 663 тони. За прв пат златните резерви опаднаа под 10 000 т во 1968 година. K.K.