100 милиони долари и одобри Светска банка на Србија за патишта
Објавено во: Балкан 29 Април, 2013
Одборот на извршни директори на Светската банка одобри заем на Србија во износ од 100 милиони долари за унапредување на патната инфраструктура и безбедноста на патиштата во Србија.
Подобрата патна мрежа ќе ја унапреди конкурентноста на Србија и ќе обезбеди на населението полесен и побезбедеб пристап на работното место, пазарот и социјалните услуги, се наведува во соопштение на Светската банка.
Со проектот ќе се обезбеди и сигнализација, мерки за забавување на сообраќајот о опрема за патишта на дополнителни 1.000 километри патна мрежа во земјата, со што ќе се зголеми безбедноста на патиштата во Србија.