1,1 милион денари за новата улица во Бардовци
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2013
Општината Карпош почна со подготовка на теренот за изградба на нова улица во Бардовци. Како што информираат од општината, станува збор за изградба на нов крак на улицата 6 во Бардовци во должина од 200 метри, со ширина од 4 метри. Се работи на комплетно поставување долен и горен слој на кракот од улицата 6 и асфалтирање кое треба да биде завршено за петнаесттина дена.
Изведувач на работите е градежната фирма „Ескаватори“, а проектот че ја чини општината околу 1.100.000 денари