Добивај вести на Viber
Уште 35 граѓани од Кисела Вода добија решенија за легализација на дивоградбите, со што бројот на вкупно решени предмети за легализација во општината достигна 1.600.
Од вкупно регистрираните 11.871 дивоградба за кои е поднесено барање за легализација во Кисела Вода, 5.130 предмети се во административна постапка, а исто толку се и со нецелосна документација, информираа од општината. Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ истакна дека 22 предмети се препратени во надлежност на други општини, 15 се примени од други општини, а четири се одбиени.
„Имајќи предвид дека половина од предметите се некомплетни, апелирам до граѓаните кои се уште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок“, изјави денеска Беличанец – Алексиќ.