2 Август неработен ден
Објавено во: 30 Јули, 2016 19:09
Вторник, 2 Август ќе биде неработен ден за сите граѓани.
По повод празникот Илинден, некои фирми ќе го поврзат понеделникот и граѓаните ќе добијат продолжен викенд.
Илинден е ден на Св. Илија — голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најбитните празници во Македонија.
До крајот на оваа година ни следат уште 5 неработени денови.




