19 Декември, 2025
0.0348

2 години по нуклеарната катастрофа, што се случува со Фукошима!?

Објавено во: Свет 11 Март, 2013 20:44

Добивај вести на Viber

Ќе беше добро да веруваме дека најсериозниот нуклеарен инцидент во историјата по несреќата во Чернобил е ставен под контрола и дека нуклеарната централа во Фукушима Даичи е безбедна, две години по хаваријата. За жал доволен е само еден поглед во забранетата 20 километарска зона околу централата кој открива сосема поинаква реалност, соопштува Руперт Унгфилд Хаис, дописник на БиБиСи од местото на трагедијата. Најкритична е состојбата околу полуразрушената зграда на реакторот 4, каде голема количина радиоактивни елементи се складирани 5 спрата над земјата и зторени со челичен саркофаг, изграден околу реакторот. Операцијата за нивното вадење сепак најверојатно нема да започне пред крајот на оваа година, а ќе заврши најрано во 2016 година Во исто време, ако дотогаш се случи нов голем земјотрес, веројатноста зградата да се урна е огромна и тоа дополнително ќе ја усложни работата за чистење на просторот. Друг главен проблем за Tepco, јапонскиот оператор на централата, се десетиците илјади кубни метри радиоактивна вода. Земјотресот од 11 март 2011 година сериозно ги разниша темелите на централата, предизвикувајќи огромни пукнатини низ кои во просториите каде што се наоѓаат реакторите, секој ден минуваа по 400 тони морска, но и блага подземна вода. Оваа вода е премногу загадена и не смее да се врати во океанот. Наместо тоа, Tepco ја складира во 1000-тонски контејнери кои сепак по 2 години ќе бидат преполнети. Во моментов тие се сместени на површина од 37 фудбалски игралишта, а компанијата ја сече шумата за да направи место за складирање. „Мора да го собереме и безбедно да го изолираме излиеното нуклеарно гориво. Тоа ќе потрае 30-40 години„, коментира менаџерот на централата, Такеши Такахаши. Според администрацијата на централата ќе бидат потребни уште 8 години, пред радијацијата да се намали до ниво, во кои работниците ќе можат да се зафатат со главната задача - превезување на 260 тони растопено нуклеарно гориво, пишува „Bloomberg“. Треба да се отстранат и 73 илјади кубни метри радиоактивен бетон, 58 илјади кубни метри радиоактивно дрво и 600 илјади литри радиоактивна згура. Во привремени складишта во реонот на централата се складирани и 480 загадени филтри, од кои секој тежи 15 тони. „Овие филтри ќе треба да се чуваат на безбедно место барем уште 300 години, бидејќи цезиумот има 30-годишен период на полураспаѓање, а правилото гласи дека од полураспаѓање треба да се остави уште најмалку 10 пати подолго време за радијацијата да се намали до безбедни ниво ", вели Арни Гундерсен, главен инженер на консултантската компанија за енергетски проекти „Fairewinds Associates Inc“. во Вермонт, пренесува „Bloomberg“.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела