20 илјади работници на протест во Загреб, бараат промена на владината политика
Објавено во: Балкан 01 Мај, 2013 19:36
Под мотото „Менувајте го правецот“ на централниот Плоштад Бан Јелачиќ во Загреб, околу 20.000 демонстранти во организација на пет синдиката и со поддршка од голем број невладини и ветерански организации, излегоа на првомајски протест и побараа промена на владината политика.
Синдикалци најавија дека ако не дојде до промена на владините политики ќе организираат нови протести и ќе бараат предвремени избори.
За време на протестот демонстрантите го исвиркаа премиерот Зоран Милановиќ, по што беше пуштена видео снимка од неговиот говор во 2010 година, кога тој беше во опозиција и вети дека нема да ги изневери работниците.Луѓето не сакаат да бидат сиромашни во богата држава, изјави претседателот на Сојузот на самостојните синдикати на Хрватска, Младен Новосел кој обвини дека владата ја води земјата во лоша насока.
Новосел рече дека правата на работниците не смеат да се менуваат насилно, како што прави Владата со откажување на колективните договори и намалување на платите, обвинувајќи ја власта дека врши поделба меѓу работниците.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





