200.000 луѓе во БиХ работат на црно
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2013 15:27
Околу 200.000 луѓе во Босна и Херцеговина, работат „на црно“, односно работодавците не ги пријавиле, изјави денеска на прес-конференција во Сараево директорот на Агенцијата за труд и вработување на БиХ Аднан Делиќ.
Тој додаде дека ги поздравува потезите на ентитетските влади со измени на одделни законски прописи и остри казни да ги натераат работодавците во БиХ да ги пријавуваат луѓето кои ги вработуваат.
Делиќ истакна дека минатата година била рекордна по повеќе основи во врска со состојбата на пазарот на труд. Прво, по најголемиот број регистрирани невработени лица, потоа по бројот на вработените луѓе од евиденцијата на службата за вработување, како и по бројот на новопријавени лица на евиденциите на тие служби.
До последниот ден на 2012, во однос на истиот ден во 2011 имало 13.793 невработени лица повеќе, укажа Делиќ. Од вкупниот број регистрирани невработени во минатата година, новопријавени лица кои барале работа имало 166.347.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





