200 илјади евра за три нови градинки
Објавено во: Македонија 17 Март, 2013 19:29
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба детски градинки во неготинските села Пепелиште, Криволак и Тремник.
Во овие градинки ќе бидат згрижени околу 50 дечиња.
- Владата уште еднаш покажа дека децата се нашиот врвен приоритет. И понатаму ќе продолжиме да инвестираме во детските градинки не само во централните градски подрачја, туки и на сите нивоа и сегменти, вклучувајќи ги и руралните средини, изјави Ристовски.
Отворањето на трите градинки е дел проектот на Владата за отворање градинки во руралните средини. Проектот ќе се реализира во две фази. Во прва фаза, до јуни ќе се отворат 14 градинки, од кои шест треба да бидат готови до крајот на април. Вредноста на проектот во првата фаза е 12 милиони денари.
- Ова ќе значи исклучително економско социјално олеснување за родители кои во многу случаи беа принудени да ги носат своите деца во градинки во градот. Тоа ни се случуваше во целата држава, не само во Неготино, нагласи ресорниот министер.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





