19 Декември, 2025
0.0180

23 години постоење на АРМ: Војниците се жалат на услови под стандардите

Објавено во: 16 Август, 2015 19:20

Добивај вести на Viber

После 23 години постоење војниците на АРМ се соочуваат со лоши услови во касарните кои велат дека се под сите стандарди за една армија.

Од Врховниот командант, Владата, Собранието и МО бараат решение на нивните проблеми поврзани со храбата, месечни примања, застарениот возен парк и исплатата на дневници за дежурства пишуваат дел од медиумите.

Во изјава за 24 вести тие побараа од надлежните да имаат повеќе слух за клучни прашања, а Веле Крбалевски Претседателот на синдикатот на професионалните војници посочи дека поради намалениот буџет се принудени да носат една униформа и по повеќе од две години.