05 Декември, 2025
0.0288

„Курум интернeшнл“ ќе стопанисува со терминалот во Драч

Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2013 13:16

Добивај вести на Viber

Турската „Курум интернешнл“ доби 35 годишна концесија за терминалот на контејнери во најголемото албанско пристаниште Драч.

Министертвото за транспорт потпиша договор со компанијата, која ќе стопанисува со терминалот во наредните 35 години.

- Давањето под концесија на терминалот во Драч многу ќе влијае на развојот на пристаништето. Врз основа на договорот Компанијата „Курум“, која кај нас е позната по производството на челик, ќе инвестира 35 милиони долари за осовременување на терминалот, изјави министерот за транспорт и јавни рабти Сокол Олдаши.

Според министерот 21 отсто од приходите на концесионерот ќе се слеат во касата на пристанишните власти во Драч, два отсто во владината каса додека останатите, 77 отсто остануваат кај концесионерот.

Турците пред повеќе години го приватизираа поранешниот металургиски комбинат во Елбасан, а во средината на јануари годинава станаа сопственици и на четири ХЕЦ во Албанија, за цена од 109,5 милиони евра. Тие ги купија ХЕЦ „Бистрица 1“, “Бистрица 2“, „Улза“ и „Шкопет“, кои се со вкупна инсталирана моќност од 80 мегавати и со вкупно просечно годишно произвидство од 400-450 милиони киловат часови електрична енергија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии