05 Декември, 2025
0.0514

300 илјади евра од Турција за Спомен собата на Кемал Ататурк во Битола

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2012 13:13

Добивај вести на Viber

Завод и Музеј-Битола и турската агенција за пријателство и соработка-ТИКА днеска потпишаа договор за реализација на турска владина поддршка за обновување на Спомен собата на  Мустафа Кемал Ататурк и административниот дел на оваа национална установа. Вкупната инвестиција на проектот изнесува околу 300.000 долари што е прва поголема реконструкција со турска владина поддршка по 1994 година, кога беше  и отворена Спомен собата на Кемал Ататурк. Како што изјави директорката на Музејот, Љиљана Христова активностите за обнова ќе бидат извршени во краток рок по што се надеваат дека ќе се интезивира туристичката понуда и посебно содржините за гостите од Турција. Таа информираше дека со овие пари ќе биде извршено обновување на предната страна-фасада, односно влезниот дел, влезната врата и балконот на Музејот, обновување на директоратот во нашата установа, мермерните скали и внатрешната железна ограда и целосна обнова на Спомен собата на Кемал Ататурк.

Махмут Чевик, кој беше потписник на денешниот протокол истакна дека сакале да обезбедат  подобар простор за работа на установата и подобра презентација на Музејот, а во името на турскиот народ јавни и се заблагодари на Република Македонија за како што вели, несебичната поддршка за зачувување на ова заедничко културно-историско наследство и посебно важноста на Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец