05 Декември, 2025
0.0400

32 милиони денари за реконструкција на средните училишта

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2013 13:15

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска го посети СУГС „Панче Караѓозов“ каде во текот на летниот распуст ќе се изврши рекострукција на покривот на училишната зграда.

- Град Скопје како и изминатите години, така и годинава од својот буџет  издвои  околу 32 милиона денари за реконструкција на 21 средно  училиште  во текот на летниот распуст. Од овие средства, 18 милиони денари ќе се инвестираат во проекти кои ќе ја подобрат енергетската ефикасност на училиштата, односно ќе се изврши замена на столаријата и реконструкција на старите покриви  на училишните објекти, рече Трајановски.

Преостанатите средстава, како што рече, ќе се искористат за реконструкција на санитарните јазли, замена на дотраената електрична инсталација и реконструкција на подовите во  училниците и во фискултурните сали.

- Од овие средства, 5 милиони денари ќе се инвестираат во ова училиште каде ќе биде извршена целосна замена на покривот на училиштето и на учениците ќе им се создадат услови за одржување квалитетна настава. Можете да видите дека некои од училниците по вчерашните обилни дождови се во толку лоша состојба што не можат да се користат за одржување  настава, истакна Трајановски.

Минатата година за покривање на дел од училишната зграда на СУГС „Панче Караѓозов“ се потрошени 1,5 милиони денари. При овој зафат со ребреста лимарина  е покриена површина од 520 метри квадратни.

Оваа година ќе се покријат двете ламели каде се сместени училниците, кои се со површина од 1.450 метри квадратни и 825 метри квадратни, односно со вкупна  површина од 2.275 метри квадратни.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип